природни состојки за снижување на холестеролот 1

6 природни состојки за снижување на холестеролот

Страдате од висок холестерол? – Постојано сте во потрага по разни начини и диети како да го намалите? – На вистинското место сте. За полесно одржување на нормално ниво на холестеролот во крвта најдобро е да внесувате што повеќе природни намирници. Во продолжение, ви издвојуваме кои природни помошници може да ги користите за снижување на холестеролот во крвта.

Високото ниво на холестерол во крвта често е причина за појава на срцеви заболувања, како и други болести. Но, за среќа постојат природни состојки кои помагаат во неговото намалување и го одржуваат во нормални граници.

природни состојки за снижување на холестеролот 2

Растворливи растителни влакна

Овој тип на растителни влакна се растворливи во вода. За време на дигестијата, ваквиот тип на растителни влакна кои се внесуваат преку храната, кога ќе се растворат, во дебелото црево се претвораат во желатинозна маса. Таа желатинозна маса го успорува варењето на храната и го врзува лошиот холестерол. На тој начин се спречува холестеролот  да премине во крвотокот. Консумацијата на 5 до 10 грама растворливи растителни влакна дневно може да го симне холестеролот за 5%. Со растворливи растителни влакна богати се следните намирници: прокељ, батат, авокадо, круши, смокви, овес, грав, јаболко, јачмен, морков, ленено семе и лешници.

Витамин Б3 – ниацин

Ниацинот или витамин Б3 помага во зголемување на нивото на добриот HDL холестерол, а го намалува нивото на лошиот LDL холестерол. Лошиот холестерол доведува до формирање на наслаги на ѕидовите од артериите со што го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести и мозочен удар. Намирници кои се богати со ниацин и се препорачува да се консумираат што почесто се: кикирики, авокадо, интегрален ориз, интегрална пченица, печурки, грашок и компир.

Потребата за ниацин понекогаш не може да се задоволи само со исхраната, па затоа е потребно витаминот Б3 да се зема во вид на додаток на исхраната. Како најдобар извор на ниацин го препорачуваме Flush Free Niacin. Flush Free Niacin содржи Inositol Hexanicotinate, форма на ниацин што се состои од шест молекули на ниацин поврзани со една молекула на инозитол. Полека се разложува во организмот за да обезбеди слободен ниацин и инозитол. Flush Free Niacin помага во намалување на лошиот холестерол. Ова постепено ослободување на ниацин овозможува вистинска активност на ниацинот. Flush Free Niacin не содржи ГМО и е погоден за вегетаријанци и вегани.

ниацин за холестерол

Монаколин К

Монаколин К е соединение присутно во растенијата. Оваа состојка е слична на активната супстанца ловастатин, лек за намалување на холестеролот. Присутна е во црвениот ориз кој во традиционалната кинеска медицина се смета дека допринесува за здравјето на срцето.

Фитостероли

Фитостероли или растителни стероли се соединенија кои се наоѓаат во мембраната на растителната клетка. Имаат слична структура со холестеролот. Помагаат во намалување на вкупниот холестерол, а особено на лошиот. Фитостеролите се присутни во: јаткасти плодови, ленено семе, брокула, прокељ, спанаќ, бобинкасто овошје, банана и морков.

Ѓумбир

Едно неодамнешно истражување објавено во списанието The Journal of Nutrition, утврдило дека екстрактот од ѓумбир може значително да го намали нивото на лош холестерол во крвта и да помогне во спречување на атеросклероза. При друго истражување, направено на Техеранскиот Универзитет, истражувачите откриле дека консумацијата на ѓумбир доведува до снижување на холестеролот и подобрување на липидниот профил кај лица заболени од дијабетес.

Коензим Q10

Тоа е нутриент кој природно се создава во организмот и се користи за производство на клеточна енергија. Има антиоксидативни својства и може да го намали нивото на вкупен холестерол. Од храната, коензим Q10 има во јагоди, сусам, фстаци, леќа и портокал. Со текот на годините, природното производство на коензим Q10 во организмот се намалува, па затоа е потребно да се внесува повеќе храна која го содржи или да се зема во вид на додаток на исхраната.

Може да ве интересира: 4 причини зошто на организмот му е потребен коензим Q10.

Коензимот Q10 (CoQ10) е соединение кое има централна улога во производство на клеточната енергија. CoQ10 има во целото тело, но е особено концентриран во срцето, црниот дроб и бубрезите и откриено е дека производството се намалува со возраста. Токму затоа е важно да изберете квалитен производ. Кога станува збор за коензимот Q10, топло ви препорачуваме да си го набавите NOW CoQ10. NOW CoQ10 е со фармацевтски квалитет кој содржи 100% природна форма на CoQ10 произведена со ферментација. NOW CoQ10 може да го консумираат и вегетаријанци и вегани бидејќи не содржи состојки од животинско потекло. Исто така не содржи ниту ГМО.

Flush Free Niacin и NOW CoQ10 може да ги нарачате од онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава. Исто така може да ги најдете и во поголемите аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Совет плус: Доколку имате покачен холестерол во крвта, најдобро е да консумирате што повеќе растителна храна. Овошјето, зеленчукот, интергалните житарици, јаткастите плодови и мешунките, сите тие е пожелно да бидат дел од секојдневната исхрана на човекот. Од друга страна, внесот на храна од животинско потекло треба да се сведи на минимум, па дури и целосно да се исфрли барем додека не се регулира холестеролот.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да го намалите покачениот холестерол во крвта?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: