6 мали совети за побезбедна кујна

Кујната е срцето на секој дом, тоа е место каде што се приготвуваат семејните оброци и каде сите се собираат околу масата. Исто така, кујната може да биде и легло на бактерии доколку не посветите внимание на тоа како ја подготвувате храната и како ги чувате одредени предмети  во неа. Затоа треба да ги знаете овие мали совети за побезбедна кујна.

Практичните совети кои денес ви ги откриваме ќе ви заштедат многу пари,  а кујната ќе постане многу посигурно опкружување за вас и за вашите најблиски.

6 мали совети за побезбедна кујна

Редовно менувајте ги или стерилизирајте ги сунѓерите за миење садови

Кујнските сунѓери изобилуваат со најразлични бактерии кои може да предизвикаат разни болести. Тие се порозни и остануваат влажни долго време, што ги прави идеална подлога за развој на бактерии. Најефикасен начин да ги елиминирате сите бактерии од сунѓерот е да го исперете во машината за садови. Можете да ги стерилизирате и така што ќе ги ставите 5 минути во микробранова печка. Исто така, меѓу секое миење, сушете ги за да бидат што е можно пократко време влажни.

Купете неколку даски за сечење

Наместо да ги стерилизирате даските за сечење после секоја нивна употреба, можеби е поедноставно да вложите малку пари и да купите неколку даски кои ќе ги користите за посебни намирници. Потребно е да имате една даска за месо и една за зеленчук. На тој начин се намалува ризикот од вкрстена контаминација. Исто така, доколку прво сечете месо, добро измијте го ножот пред да почнете со него да го сечите зеленчукот. Експертите препорачуваат да користите дрвени наместо пластични даски и секогаш да ги миете во што е можно потопла вода и со детергент за садови.

Користете кујнски термометар

Недоволното термички обработено месо може да биде извор на разни зарази, бидејќи тоа е еден од начините на кој се шири салмонелата, ешерихија коли, токсикоплазмата и многу други бактерии. Токму заради таа причина добро би било секогаш да користите кујнски термометар доколку печете големи парчиња месо. Кујнскиот термометар не е воопшто скап и лесно може да се најде во продавниците за кујнска опрема.

Намалете ја употребата на пластичните предмети

Сите ние знаеме дека некои врсти на пластика содржат одредени хемикалии кои се опасни за здравјето. Некои истражувања покажаа дека хемикалиите од пластиката може да продрат во храната. Ако имате пластични садови кои се изгребани и оштетени, или пак ги користите многу долго време, можеби е време да ги замените со нови кои се изработени од некој друг материјал.

Набавете апарат за гасење пожар и научете како да го користите

Незгодите во кујната не им се случуваат само на неискусните. Туку тие може да им се случат и на најснаодливите и најискусните готвачи. Затоа, добро би било во кујната секогаш да имате исправен апарат за гасење на пожар, но и да научите како истиот да го користите во случај на потреба.

Ви препорачуваме да прочитате: Најпрактични совети за опремување на кујна.

Сподели: