6 трикови со топчиња од вата кои вреди да ги знаете

Некои мали работи кои ни се чинат дека се безначајни, може да ни бидат од корист на многу различни начини. Така е кога се во прашање и топчињата од вата.

Можеби досега сте ги користеле за отстранување на лакот за нокти или шминката за лице, или пак дезинфекција на исечениците. Но, дали знаете дека топчињата од вата може да ги искористите на многу други начини? Еве неколку предлози:

вата

Направете природен освежувач за фрижидерот од топче вата и екстракт од ванила

За да го елиминирате непријатниот мирис на фрижидерот, прво добро исчистете го. Потоа направете топче од вата и намакајте го во екстракт од ванила. Поставете го во мал сад на крајот од полиците. Прочитајте како може да имате чист фрижидер за 15 минути.

Освежете го мирисот низ домот при метење со правосмукалката

Топчињата од вата може да ви бидат корисни и кога метите низ домот. Попрскајте топче со омилениот мирис или омекнувач и ставете го во вреќичката во правосмукалката.

Отстранете ги мувлите

Малите флеки од мувла може да ги отстраните така ќе натопите топче од вата со малку избелувач, а потоа поставете го врз местото на кое се наоѓа мувла. Оставете го да делува неколку часа. Потоа пребришете со влажна крпа и оставете го да се исуши. Покрај овој трик, може да си направете потполно природен спреј против мувли.

Ако имате плускавици…

Ако имате плускавици најдобро ќе биди да ги одморите нозете, но ако мора да ги ставите чевлите и да тргнете на пат, ставете топче од вата на болното место и залепете фластер. Потоа ставете ги чевлите.

Сакате чантата да ви мириса убаво?

Решението е едноставно. Земете топче од вата и попрскајте го со омилениот парфем или етерично масло. Ставете го во торбата и уживајте во убавата миризба.

Ослободете се од глувците и мравките во домот и помошните објекти

Ако глувците ви се непријател и не знаете како да се решите од нив, време е да го примените овој трик. На критичните места ставете топчиња вата натопени во масло од нане. Освен глувците, со овој трик ќе може да ги отстраните и мравите. Топчињата натопени со масло од нане поставете ги во ќошевите во орманите и на местата на кои се појавуваат мрави.

Ви предлагаме да прочитате: Ослободете се од досадните мравки со состојки од кујната.

Сподели: