7 намирници кои предизвикуваат дехидратација

7 намирници кои предизвикуваат дехидратација

Сигурно сте забележале дека после консумирање на одредена храна имате неодолива потреба од вода. Таа жед ве тера да пиете поголема количина на течности, но доколку сакаме нашето тело да биде хидрирано, не е доволно само да пиеме многу вода. Важно е и да се грижиме за она што го консумираме. Постојат одредени намирници кои предизвикуваат дехидратација, а во продолжение ви откриваме кои се тие.

Нашето тело секојдневно троши вода преку дишење, потење, преку кожата и урината, па затоа треба да му обезбедиме соодветен внес на вода. Дневната количина на вода треба да изнесува од 2 до 3 литри, а уште повеќе во летните месеци. Не чекајте да почувствувате жед за да испиете чаша вода, бидејќи тогаш веќе настанала блага дехидратација.

7 намирници кои предизвикуваат дехидратација

Еден од симптомите на дехидратацијата сите го препознаваме, а тоа е жедта. Зголемената жед е знак дека телото веќе дехидрирало. Но, постојат и други симптоми кои можат да се појават во зависнот од тоа дали настанала блага или тешка дехидратација.

Блага дехидратација започнува кога телото ќе изгуби два проценти од вкупната течност во организмот. Најчестите симптоми се:

  • жед
  • губење на апетит
  • сува кожа
  • црвенило во лицето
  • темна боја на урината
  • сува уста
  • замор или слабост
  • вртоглавица.

Тешка дехидратација започнува кога вкупната загуба на течност е пет проценти од вкупната течност во телото, а симптомите вклучуваат:

  • забрзан пулс
  • забрзано дишење
  • намалено потење
  • намалено мокрење
  • зголемена телесна температура
  • хроничен замор
  • мускулни грчеви
  • главоболки
  • гадење.

Превенцијата е најдобар начин да се заштитите од дехидратацијата. Еве кои намирници треба да ги избегнувате:

Сол

Преголема количина на сол во исхраната доведува до дехидратација. Препораката на СЗО е дневниот внес на сол кај здравите лица да не биде поголема од 5г.

Сувомеснати производи

Во сувомеснатото е додадена поголема количина на сол, што е главната причина за дехидратација.

Конзервирана храна

За да се спречи расипување на конзервираната храна, при подготовката се додава поголема количина на сол и шеќер. Затоа, треба да се избегнува често консумирање на ваквата храна.

Туршија

Сите знаеме како се подготвува туршија. Комбинацијата на сол и киселина која спречува расипување на зеленчукот, предизвикува дехидратација. Не е препорачливо туршијата да ја консумираат лица со висок притисок, поради големата количина на натриум што ја содржи.

Алкохолни пијалаци

За да избегнете појава на дехидратација, избегнувајте алкохол на празен стомак, консумирајте пијалаци со мал процент на алкохол и обавезно комбинирајте го со вода или друг пијалак богат со електролити. Пијалаците со поголем процент на алкохол предизвикуваат поголема дехидратација.

Газирани сокови

Преголемата количина на шеќер во соковите ја привлекуваат водата од околните ткива во организмот. Освен тоа, во својот состав газираните сокови често имаат и кофеин кој е природен диуретик.

Кафе

Кафето е богато со кофеин, за кој напоменавме дека е природен диуретик и доведува до почесто мокрење. Но, кафето не може да доведе до преголема дехидратација, освен ако се консумира во големи количини.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 симптоми и решенија при дехидратација на организмот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: