3 симптоми и решенија за дехидратација на организмот

3 симптоми и решенија при дехидратација на организмот

Може да се каже дека водата е еден од главните составни делови на организмот и затоа е неопходно да ја внесуваме во доволни количини. Ако често имате главоболка, темна урина или потешкотии со запек, станува збор за дехидратација и мора да реагирате за повторно да го доведите организмот во здрава состојба.

Водата е потребна и значајна за оптимално функционирање на сите органи и организмот во целост, соодветно на тоа животот без неа, не би бил возможен. Тоа се општо познати информации кои на сите ни се познати, а дали знаете како да препознаете дали сте дехидрирани? Мислите ли дека жедта е првиот и единствен знак? Не, не е, а еве кои 3 симптоми укажуваат дека организмот е дехидриран и она што му е најпотребно од сѐ, е вода.

3 симптоми и решенија за дехидратација на организмот

Главоболка како резултат на дехидратација

Вашето тело постојано губи течност, што подразбира дека освен вода од организмот се губат и есенцијални соли и минерали како што се натриум и калиум, кои се наоѓаат во течностите кои се губат од телото. Токму тие промени на солите, доведуваат до менување на хемискиот состав на крвта. Мозокот е орган кој е преосетлив на таквите промени и тоа е една од главните причини за главоболка. Колку повеќе вода губите, толку повеќе се намалува и мобилноста на крвта, што доведува до намален проток на кислород до мозокот што дополнително ја влошува главоболката.

Претерано жолта мокрача е симптом за дехидратација

Причина за тоа е што во урината се наоѓа претерано голема концентрација на отпадни материи. Кога сте потполно хидрирани, отпадните материи се исфрлаат доста лесно од организмот (еден од начините на отстранување на отпадните материи е преку потта). Но, кога во организмот нема доволни количини на вода, овие материи се насобираат во урината и се отстрануваат многу потешко.

Запек може да се јави поради дехидратација

Водата помага за движење на фекалните материи низ дигестивниот систем, како и за нивно отстранување во надворешната средина. Меѓутоа, недоволни количини на вода во организмот може значајно да влијаат на овој процес и да доведат до опстипација (запек).

Сподели: