7 намирници кои ја олеснуваат кашлицата

Зимските месеци се период од годината кога настинките и грипот се многу често застапени. Еден од најиритирачките симптоми е кашлањето. А поради фактот што кашлицата знае да биде многу здодевна и честопати да го нарушува сонот и одморот, во продолжение ви откриваме 7 намирници кои ја олеснуваат кашлицата и се корисни за непречено секојдневно фунционирање.

Кашлицата може да биде последица на грип, настинка, астма, алергиски ринитис, бронхитис, пневмонија, пушење… При појава на кашлица најдобро е да се консултирате со вашиот лекар, а за да ви помогнеме да го ублажите овој непријатен симптом ви откриваме кои намирници го олеснуваат искашлувањето и дишењето.

7 намирници кои ја олеснуваат кашлицата

Лук 

Лукот е познат како природен антибиотик, а исто така е и многу моќен антиоксиданс. Помага при кивање, настинка, па дури и бронхитис.

Зелка

Зелката ги смирува бронхиите и упорната кашлица. Најдобро е да се јаде свежа, односно како салата.

Целер

Целерот се користи за ублажување на кашлица и против губење на гласот. Додајте корен од целер во домашните супи или изрендајте го и зачинете со сок од лимон и послужете го како свежа салата.

Лимон

Лимонот е одличен антиоксиданс кој е богат со витамин Ц. Секојдневно пијте лимонада, засладена со малку мед. Исто така, витаминот Ц, по потреба, може да се зема и како додаток во исхраната. Од додатоци во исхраната кои се достапни кај нас можеме да ви го препорачаме AlphaSorb-C од NOW Foods. AlphaSorb-C е супериорна некиселинска форма на витамин Ц и има до 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц. Има повеќе придобивки како што се:

  • зголемена антиоксидантна активност во крвотокот
  • патентиран производ кој го продолжува транспортот на природно присутните метаболити во клетките
  • не предизвикува киселински проблеми во стомакот
  • зголемена биорасположливост за 300% во однос на стандардниот витамин Ц
  • има 2 пати поголема активност од стандардниот витамин Ц.

Маслиново масло

Маслиновото масло е добро познато по своите позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Користете го често за подготовка на свежи салати и како додаток во претходно зготвени оброци.

Ротквица

Ротквицата е одличен извор на витамини Б и Ц кои го зајакнува имунитетот Богата е и со антоцијанини, кои имаат антиинфламаторно дејство. Ги намалува болките во грлото и ја ублажува кашлицата.

Што друго може да ви помогне?

Одредени додатоци во исхраната помагаат во ублажување на кашлицата, намалување на симптомите на хроничен бронхитис и го намалуваат ризикот од настанување на респираторни инфекции.

Кога станува збор за додатоците во исхраната кои може да ви помогнат за олеснување на кашлицата би го споменале NAC од NOW FOODS. NAC (N-Acetyl Cysteine) е ацетилиран облик на аминокиселината цистеин. Најголемата и најважна улога на N-Acetyl Cysteine е борбата против респираторните инфекции. Имајќи предвид дека благотворно делува на респираторниот тракт, како додаток се препорачува при:

  • третирање на синуситис
  • воспаление на ушите
  • вирусни инфекции
  • хроничен бронхитис и бронхијана астма
  • хронични белодробни болести.

Ја елиминира слузта од респираторните органи, што е особено значајно при бронхитис, затоа што на тој начин се намалува кашлањето. Пушачите се група која најчесто страда од хроничен бронхитис, па нив особено им се препорачува употреба на NAC како додаток на исхраната. Пушачите може да имаат голема корист од овој антиоксиданс затоа што покрај другото, ги елиминира бактериите во белите дробови.

7 намирници кои ја олеснуваат кашлицата

Повеќе информации за гореспоменатите производи може да прочитате на веб страницата на Тримекс од каде што може и да ги нарачате со бесплатна достава, а достапни се и во повеќето аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс и Д-р Нела Деспотовска на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Kако да се заштитиме од грипот во зимскиот период?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: