7 начини да ги искористите употребените ќесички за чај

Штом си направите чај, искористената ќесичка ја фрлате во кантата за ѓубре? Ви претставуваме неколку интересни начини на кои може да ги употребите искористените ќесички за чај, пред да ги фрлите.

Отстранете го црвенилото и потеченоста на очите

Ќесичките со чај ставете ги во ладна вода, а потоа поставете ги врз очните капаци. По неколку минути ќе забележите дека црвенилото и потеченоста на очите ќе се намали. Притоа ќе изгледате посвежо, одморено и подмладено. А ако имате темни кругови околу очите, овој домашен препарат со сода бикарбона може да ви помогне.

ќесички чај

Направете маринада за месо

Месото кое планирате да го приготвите за ручек може да го маринирате со помош на преостанатиот чај или искористените ќесички. Во сад ставете го месото и додајте го чајот, или малку вода и ќесичките со чај. На овај начин ќе добите меко и сочно месо. Чајот ќе го збогати вкусот и ќе го спречи сушењето на месото. Еве уште една маринада за сите видови на месо.

Исчистете ја куќата

Чајот може да ви помогне да ги исчистите огледалото, подот и другите површини во домот. Откако ќе направите чај, ќесичката повторно ставете ја во чаша со топла вода. Земете дел од течноста и со помош на чиста кујнска крпа избришете ги работните површини во кујната или дрвениот мебел. Освен со чај, може да направите и друг домашен спреј за бришење на прашина.

Освежете ја облеката и обувките

Ќесичките чај оставете ги да се исушат, а потоа ставете ги во мала чинија. Истата поставете ја во плакарот за да може да ги освежите алиштата. Друг начин е, исушените ќесички да ги поставите во обувките и тоа во секоја по една. Така ќе ги неутрализирате непријатните мириси од патиките, чевлите и чизмите.

Направете хранливо ѓубриво за цвеќињата

Искористените ќесички од чај може да бидат одлично органско ѓубре за цвеќињата и другите растенија затоа што содржат многу хранливи состојки. Ќесичките со чај ставете ги во земјата, а може да ги извадите и листовите од ќесичката и да ги измешате со земјата. Покрај ќесичките со чај, може да ги искористите лушпите од јајца како природно ѓубриво за растенија.

Ублажете ја болката

Ако во устата имате малечка рана, ќесичките со чај може да ви помогнат да ја намалите болката. Земете една кесичка, потопете ја во вода и загризете ја. Лековитите својствава на чајот ќе ја намалат болката и ќе го забрзаат лечењето на раната. Оваа метода помага при запирање на крвавењето од изваден заб.

Ублажете ги изгорениците од сонцето и решете го проблемот со акните

Ако имате акни или изгореници од сонцето на кожата, земете памук и потопете го во ладна вода во која сте ја ставиле кесичката со чај. Постапката повторете ја неколку пати додека осетите пријатно ладење, олеснување и смирување на кожата.

Ви предлагаме да прочитате: Домашни лекови при изгореници од сонце.

Сподели: