Се прашувате ли кои се најчестите причини за губење на косата пред 25 годишна возраст? Во една студија спроведена на универзитетот Цинхуа во Пекинг која опфаќала 4000 студенти се појавиле шокантни откритија. Речиси 60% од сите испитаници се соочувале со некаков облик на губење на косата.
Било проценето дека 1 од 4 мажи до 30 години ќе има проблеми со прерано губење на косата. Страшен факт за младата машка популација е тоа што поголемиот број од нив, се среќаваат со оваа непријатна појава на возраст од 24-25 години. При тоа, Д-р Фу Ланкин, дерматолог од Пекиншкиот медицински колеџ во Кина изјавил дека има чувство дека оваа генерација ја губи косата на многу помлада возраст од претходните.

Ова е глобален проблем со кој се соочуваат многу млади лица низ целиот свет. А, еве дел од причините кои придонесуваат луѓето да ја губат својата коса пред 25 годишна возраст.
Наследно губење на косата
Според медицинскиот факултет на Харвард наследното губење на косата е природна состојба предизвикана од комбинација на гени, ниво на хормони и процеси на стареење. Сепак, наследното губење на косата е сѐ уште еден вид загатка за докторите кои неуморно се обидуваат да најдат лек за оваа состојба, ако воопшто и постои истиот.
Губиток на косата како резултат на стрес
Според некои истражувања спроведени во Англија, притисокот врз младите луѓе да студираат, да работат и да се напреваруваат во предизвикувачката глобална економија, може да има сериозни и долгорочни ефекти врз нивото на стрес. Состојбата кога лицата губат коса под влијание на стрес е медицински признаена и е наречена Trichotillomania.
Губење на косата поради ригорозни диети
Кога телото не ги добива потребните витамини и минерали преку разновидна исхрана или суплементи, може да дојде до губење на косата. Исто така, одредени психолошки заболувања поврзани со исхраната, како што се анорексијата и булемијата, како резултат на недостаток на протеини може да предизвикаат губење на косата. Богатата и разновидна исхрана која изобилува со свежо овошје и зеленчук и целозрнести житарици може во огромна мера да помогне во зачувувањето на косата.
Губење на косата како резултат на несакани ефекти од некои лекови
Многу лекови како несакани ефекти може да предизвикаат опаѓање на косата. Во таа листа на лекови се вбројуваат антидепресивите, некои медикаменти против артритис, гихт, срцеви заболувања, лекови за разредување на крвта и некои бета блокатори. Исто така и контрацептивните лекови може да предизвикаат губење на косата, како и суплементи со витамин А. Па, доколку забележите дека косата повеќе ви опаѓа после употребата на некој лек консултирајте се со вашиот лекар дали истиот може да го замените со друг.
Губење на косата поради имунолошки нарушувања
Автоимуните заболувања често резултираат со ненадејно губење на косата. Едно автоимуно заболување, тн. алопеција ареата, го напаѓа хемискиот процес кој го поттикнува растот на нова коса. За среќа, ова заболување може успешно да се третира. Исто така анемијата, дијабетесот и лупусот може да предизвикаат губење на косата.
Губење на косата поради проблеми со тироидната жлезда
Секое нарушување на производството на тироидни хормони се смета за нарушување на тироидната жлезда. Кога оваа жлезда произведува премалку или пак премногу хормони, може да доведе до губење на косата. Правилниот третман на овие нарушувања може значително да го намали овој проблем.
Губење на косата како несакан ефект од пушењето
Покрај тоа што пушењето е поврзано со повеќе од 50 различни заболувања, како негова заслуга може да му се припише и опаѓањето на косата. Според една студија спроведена во Тајван во која биле испитувани повеќе од 700 мажи, интензитетот на пушење бил дирекно поврзан со опаѓањето на косата. Истражувачите веруваат дека пушењето ја оштетува биолошката структура на фоликулите на влакното.
Совети за помош и природна суплементација
Одредени суплементи како витамин Ц, посебно AlphaSorb-C од NOW Foods, кој е супериорна киселинска форма на витамин Ц и има до 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц, железо, протеини и биотин може да бидат од огромна корист.
Потоа, Spirulina Pacifica е добар извор на железо, витамини од Б комплексот и протеини, што ја прави одличен суплемент за сите оние кои имаат проблеми со губење на косата, но и за сите кои се грижат за своето здравје и убавина. Spirulina Pacifica ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во пакувања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прав. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да ги нарачате директно на ваша адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.
Уште еден многу важен суплемент кој докажано помага против опаѓањето на косата се омега масните киселини. Масните киселини добиени од рибини масла треба да бидат молекуларно дестилирани, без холестерол и со гарантирано чисти износи на масни киселини во нивната природна форма. А токму такви се омега-3 и Super Omega 3-6-9 од Now Foods кои исто така може да ги порачате преку онлајн продавницата на Тримекс, со бесплатна достава до вашиот дом или да ги купите низ аптеките во Македонија.
За крај, се надеваме дека нашите насоки ќе ви користат, зашто косата е украс и знак за добро здравје, чувајте ја најдобро што можете!
Ви препорачуваме да прочитате: 5 намирници кои се борат против опаѓањето на косата.
*Комерцијален текст.