Ако страдате од главоболка, затнат нос или имате чувство на тежина во главата, тогаш најверојатно станува збор за воспаление на синусите. Синуситисот е непријатна здравствена состојба, за која постојат голем број на алтернативни начини кои помагаат за намалување на симптомите. Во текстот ќе прочитате 7 решенија против синуситис кои ги издвоивме.
Синуситис или воспаление на синусите претставува инфекција на синусите која настанува како резултат на зголемено лачење на секрет кој од синусните канали се цеди во носната шуплина. Се карактеризира со симптоми како што се кивање, чувство на тежина во главата, затнат нос, како и течење на носот. Може да биде предизвикано од алергии (особено во пролетниот период), вируси и бактерии. Симптомите на вирусна инфекција на синусите обично траат околу една недела и исчезнуваат сами по себе со помош на симптоматска терапија, здрава храна, лековити билки и зачини. Но, има случаи каде вирусната инфекција може да се претвори во бактериска. Таквото воспаление е подолготрајно, проследено со потешки симптоми, поголеми болки и интензивно затнат нос.
Чај од ѓумбир и куркума
Во шолја врела вода додадете парче рендан свеж ѓумбир, 1 лажичка куркума во прав, половина лажичка цимет и прстофат црн пипер. По желба во чајот додајте половина свежо исцеден лимон. Оставете да отстои 10-15 минути па испијте го. Куркумата има силни антивоспалителни својства, а во комбинација со антибактерискиот ѓумбир во жежок чај и тоа како придонесува за разградување и чистење на слузот од синусите. Овој моќен тандем помага во намалување на притисокот во синусите.
Лук против синуситис
Истолчете 4-5 чешниња лук, па силно вдишете го нивниот мирис. Друг начин да го искористите лукот против синуситис е да измешате 1 лажичка истолчен лук со 1 лажичка куркума во прав и 2 лажички мед. Јадете по една лажичка од оваа мешавина секој ден.
Инхалација со мајчина душица, нане и рузмарин
Во врела вода ставете малку свеж рузмарин, нане и мајчина душица. Покријте ја главата со крпа, затворете ги очите и длабоко вдишете ја пареата. Ова ќе ви помогне во намалувањето на иритацијата и отокот на слузницата на синусите.
Еликсир со рен
Изрендајте малку рен и помешајте го со малку јаболков оцет и свежо исцеден сок од лимон. Ваквиот еликсир испијте го. Исто така може да ставите во уста ¼ рендан рен, да го оставите да делува неколку минути додека да се изгуби вкусот и потоа може да го голтнете. Имајте во предвид дека ренот има лут вкус, па доколку не можете да поднесете луто, не го применувајте овој совет.
Тоник со јаболков оцет
Во шолја врела вода или чај додајте неколку лажички јаболков оцет. Пијте ја оваа мешавина неколку пати во денот. По желба може да додадете 1 лажичка мед и малку лимон. Овој тоник ќе постепено ќе го одзатне носот ќе ги намали притисокот и болката во синусите.
Фацијална масажа
При воспаление на синусите, од помош може да биде и фацијална масажа. Со лесен притисок со врвовите на прстите правете кружни движења околу образите, очите и челото барем една минута.
Совет плус: Ако страдате од синуситис, дозволете си врела купка и врел туш во тек на кои ќе ја вдишете водената пареа, што исто така ќе ви ги олесни тегобите.
Суплементи кои помагаат при воспаление на синусите
Serrazimes – протеолитички ензим со силно антинфламаторно дејство
Serrazimes® е протеолитичка мешавина составена од ензими добиени од печурките Aspergillus oryzae и Aspergillus melleus. Благодарение на способноста да го блокира ослободувањето на амините кои предизвикуваат болка во воспаленото ткиво, Serrazimes® капсулите можат да бидат од корист за лица кои страдаат од чести воспаленија на синусите. Делува систематски на одржување на балансирана реакција на имунолошкиот систем така што помага во разложување на секретот и негово отстранување. На овој начин, Serrazimes® може да го подобри респираторното здравје, поддржувајќи ги природните процеси на организмот за исфрлање и опоравување.

Bromelain за заштита на дишните патишта
Бромелаинот е природен протеолитички ензим кој се наоѓа во сокот и стеблото на ананасот, а има бројни здравствени придобивки. Докажано e дека е делотворeн при појава на респираторни проблеми, ублажување на хроничен бронхитис и воспаление на синусите. Ја намалува густината на слузта, го подобрува дишењето и ја намалува кашлицата. Бромелаинот ја намалува алергиската сензибилност и го намалува развојот на алергиски болести на дишните патишта. Всушност, бромелаинот помага да се модулира целиот имунолошки систем, односно ја намалува пре-чувствителноста на имунолошкиот систем. Делува антивоспалително и помага при астма и болести на белите дробови.

Бета глуканот во борба против респираторни заболувања, настинка и грип
Бета глуканот е биоактивен јаглехидрат, поточно сложен шеќер кој помага при настинки и грип како и при респираторни инфекции предизвикани од вируси во горниот респираторен тракт. NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan помага во ублажување на симптомите на овие болести и му помага на телото да се справи дури и со бактерии и вируси отпорни на антибиотици. Бета глуканите најчесто се употребуваат во случаи на различни инфективни болести – пред се инфекции на респираторниот тракт кои се предизвикани од габички, бактерии и вируси, како и кај различни алергии.
Не заборавајте пред употреба на било кој суплемент, добро да се информирате за истиот и да се консултирате со лекар.
За да нарачате некој од суплементите, посетете ја онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна. Нивните производи може да ги најдете и во сите добро снабдени аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Ви препорачуваме да прочитате 6 факти кои е добро да ги знаете за здрав дигестивен систем.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.