7 совети за подготовка на сочни копани

Сакаш да го подобриш кулинарското знаење и искуство за подготовка на пилешко месо? – Ако одговори со „Да“, продолжи со читање и наредниот пат направи ги највкусните и сочни копани. Ги побаравме најдобрите совети од професионалните готвачи и ги споделуваме со вас.  

Ако сакате да станете подобар готвач, постојат неколку трикови кои мора да ги знаете. А, кој ќе ви даде подобри совети за готвење од професионалните готвачи? – Прочитајте што советуваат и направете вкусни и сочни копани за целото семејство.

совети за подготовка на сочни копани

Добро зачинете ги пред подготовката

Пред да започнете со термичка обработка зачинете ги копаните. За да го подобрите вкусот на месото ставете сол и црн пипер. Ако ги пржите и сакате покрцкави копанчиња, зачинете ги со повеќе сол.

Засечете ги

Со остар нож засечете го најдебелиот дел од копаните. На тој начин копаните ќе се пржат побрзо и порамномерно.

Маринирајте ги копаните

Добра маринада е основа за сочни копани! Може да користите состојки по желба: лук, зачини, маслиново масло, сенф, лимон… Со маринадата месото ќе биде повкусно и посочно.

Ако правите похувани копани, не ги варете претходно

Ако сакате да ги похувате копанчињата, не ги варете претходно. Со варењето пилешкото месо ќе биде лизгаво, па смесата за похување нема да се залепи добро.

Може да ги испечете кратко пред да ги похувате

Професионалните готвачи советуваат дека е добро парчињата пилешко месо да се испечат пред да се похуваат или пржат.

Гответе ги на пониска температура

Копаните не треба да се пржат на висока температура. За најдобар резултат, приготвувајте ги на пониска температура што подолго време.

Не ги печете премногу

Премногу печеното месо ќе биде суво и жилаво. Професионалните готвачи користат кујнски термометар со игла. На тој начин ја мерат температурата во месото. Вакви термометри можете да ги купите во подобро опремените продавници.

Ви препорачуваме да прочитате: Пилешко Кордон блу.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: