Секој знае дека сонот е многу важен. Но, што да се прави кога ноќите ги поминувате обидувајќи се да заспиете, а наутро тешко се будите и немате енергија за преку ден? Ви продолжение ви претставуваме 7 совети за подобар сон.
Од вашата соба направете тивко и удобно место
За добар сон треба да имате мирна и темна соба со добра контрола на температурата. Покрај тоа може да ви помогне овој спреј за постелнина за мирен сон.

Направете распоред за легнување и будење
Обидете се да одите во кревет и да се будите во исто време. Ова ќе ви помогне да создадете здрава рутина за спиење и да се будите свежи и наспани.
Релаксирачка рутина пред спиење
Пред спиење решете ги сите проблеми и мисли кои ви се вртат во главата. Најдобро решение за тоа е сите планови кои ги имате за следниот ден да ги запишете на лист хартија или во работната тетратка. Исто така избегнувајте стресни и тешки разговори пред спиење. Може да се истуширате, да се напиете чаша млеко или да прочитате нешто лесно и креативно. Избегнувајте силна светлина од надвор или од електронските уреди. Наместо да го користите мобилниот телефон или таблет до доцна во ноќта, прочитајте книга.
Легнете си штом ви се приспива
Не одете во кревет порано, бидејќи може да имате проблеми со заспивање или ќе имате немирен сон. На повеќето возрасни им требаат 7 до 8 часа спиење, па ограничете го вашето време на спиење максимално до осум и пол часа.
Избегнувајте храна и пијалаци кои ве држат будни
Не пијте кофеин, кој го има во кафето, некои чаеви и газирани сокови, најмалку 6 часа пред да заспиете. Исто така, прочитајте кои намирници предизвикуваат несоница.
Користете техники за релаксирање
Јогата, медитацијата или тиква релаксирачка музика може да ви помогнат за подобар сон.
Редовно вежбајте
Редовната физичка активност му помага на телото и умот да останат здрави, но исто така ќе ви помогнат и за полесно да заспиете. Практикувајте да вежбате наутро, затоа што интензивните тренинзи доцна навечер ја зголемуваат будноста.
Се надеваме дека овие совети за подобар сон ќе ви бидат од голема корист, а за уште поголем ефект ви предлагаме да прочитате: 5 помагачи за добар сон.