7 совети за убава негувана кожа после сончање 1

7 совети за убава негувана кожа после сончање

После секое сончање на кожата и треба нега за да се опорави и да ја задржи бојата. Треба да знаете дека, колку и да е корисно сонцето, виновно е за 90 проценти од брчките кои ги добиваме во текот на животот. Затоа е многу важно да посветиме внимание и да издвоиме време за себе, што ќе ни овозможи да имаме убава негувана кожа после сончање.

Убаво е да си лежиме на топлото сонце и да уживаме во моментите. Идиличен летен ден и животот е подобар. Но, ништо од тоа нема да вреди ако потоа се чувствуваме малаксани и добиеме црвена изгорена кожа. Негата на кожата правете ја после секое изложување на сонце. Тоа ќе го успори непожелно дејство на штетните зраци, а притоа ќе може да ги искористиме придобивките од сонцето.

Па, почнавте ли да се запрашувате како да ја негувате кожата после изложеност на сонце? Веднаш помисливте на најскапите кремови? – Не ви се потребни никакви млека, лосиони за тело и слично. Прочитајте го текстот и откријте кои се наједноставните и ефикасни домашни начини за нега на кожата.

7 совети за убава негувана кожа после сончање 2

Вода

Сонцето предизвикува дехидратација и затоа никаде не одете без вода. За подобро освежување, со себе можете да носите вода со малку лимон или босилек. Губењето на вода може да доведе до главоболка, па во краен случај можете да се послужите и со таблети. Ако не сакате таблети, пробајте да јадете повеќе свежа храна и пијте доволно вода.

Може да ве интересира: Корисни намирници при подолга изложеност на сонце.

Туширање

После сончањето истуширајте се со хидратантен гел за туширање, но не тријте ја кожата и не користете пилинзи. Маслата за нега или хидратантните кремови најдобро е да ги нанесувате на влажна кожа.

Алое вера

После секое сончање чувствувате дека кожата е поинаква. Тогаш кожата има желба за освежителна храна, исто како и телото. Во тој случај, алоето е одличен избор. Нахранете ја вашата кожа со овој крем од природата.

Маслото од лилјан (крин)

Делува чудотворно кога е во прашање црвенилото на кожата и спречување на лупењето на кожата. Помага да се задржи бојата која се добива при сончањето и ги лечи благите опекотини. Измешајте го со хидратантно млеко за тело во сооднос 1:1, ставете подебел слој од смесата и оставете да делува еден до два часа, па измијте го со вода.

Ладно млеко

Кожата можете да ја покриете со крпа која претходно е натопена во ладно млеко. На овој начин ја влечите топлината од телото, а протеините од млекото ја хранат кожата.

Микс од чај

Уште еден феноменален микс за нега после сончање. Измешајте сварен бел или зелен чај, со мед и алое вера гел, па нанесете го на кожата.

Масло од невен

Маслото од невен прави чуда за кожата во лето. Покрај тоа што ја санира штетата која ја направило сонцето, невенот ја хидрира и ја прави кожата мека. Потребно е цветовите од невен да ги ставите во тенџере и да ги прелиете со маслиново масло. Варете ја оваа смеса на пареа на ниска температура најмалку 4 часа. После тоа, смесата процедете ја низ газа и маслото употребете го во рок од 6 месеци до 1 година.

Наша препорака: BioAstin е моќен антиоксиданс и заштитник на кожата од штетните УВ зраци

Природниот астаксантин – BioAstin е додаток во исхраната, кој помага на кожата да биде здрава за време на сончањето. Астаксантинот (BioAstinot) претставува храна, а многумина го користат како составен дел на здравата исхрана. Тој е патентиран за орална и локална заштита од сонце. Особено е ефикасен во заштитата од УВ зраци при сончање и спречува оштетување на ДНА. Служи како внатрешен додаток за убавина кој ви дава убав, здрав сјај и ја прави кожата да изгледа помлада и поубава. УВ зраците предизвикуваат предвремено стареење на кожата, брчки, сува кожа, старосни дамки и пеги.

BioAstinot се препорачува да се користи во топлите месеци за заштита на кожата од штетното влијание на УВ зраците. Доволна е 1 капсула BioAstin на ден, која може да се зема наутро со појадок или пијалак кој содржи масти. Може да го набавите од поголемите аптеки или да го порачате преку онлајн продавницата на Trimeks или на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

подолга изложеност на сонце 2

Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела советува: Природниот астаксантин (BioAstin) е 6000 пати помоќен од витаминот Ц.

*Спонзориран текст.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: