7 совети за ублажување на очни инфекции и заштита на видот

Постојано ве мачат очни инфекции? – Очите ви отекуваат и ви се црвени? Ве чешаат иритабилно и ви солзат? – Ако имате некој од овие симптоми или познавате некој кој страда од нив, овој текст и тоа како ќе ви се најде. Прочитајте ги нашите совети што може да ви биде од корист за олеснување на тегобите и зачувување на здравјето на очите во времето додека отидете на лекарски преглед и слушнете стручно мислење. 

Очните инфекции не се нешто што треба да го занемарувате. Можат да бидат непријатни, па дури и болни, а некои од нив, ако не се третираат, може да станат сериозен проблем. Има голем број причини поради кои очите може да се иритираат или инфицираат, а најчесто тоа е од нечистотии или пренесување на инфекцијата од човек на човек, а често пати и поради сувост, која е многу честа појава поради постојаното користење на екрани на денешно време и е индиректен причинител на очни инфекции. Тоа е така бидејќи суво око не може да се бори со вирусите и бактериите. Правете паузи, трепкајте, едуцирајте се и помогнете си. За среќа, постојат неколку ефективни начини кои може да ви помогнат да ги ублажите симптомите, еве за кои станува збор.

очни инфекции 2

Некои повообичаени инфекции на очите се:

  • конјуктивитис – најчесто очно воспаление (воспаление на коњуктивата или тенката проѕирна мембрана слузокожа, која ја обложува внатрешната површина на очните капаци и видливиот дел на белката)
  • суво око – се јавува кога солзните канали не можат правилно да го подмачкуваат окото или од предолго гледање во екрани кога забораваме да трепкаме
  • блефаритис – инфекција на очниот капак
  • грутка на крајот на очниот капак – јачмен
  • кератитис – инфекција на рожницата.

Ако имате некоја од овие инфекции, еве што може да пробате како помош:

Солена вода

Солената вода или солен раствор, е еден од најефикасните препарати за помош при очни инфекции. Овој раствор е сличен на солзите кои се природен начин на чистење на очите. Солената вода исто така има и антимикробни својства. Поради тоа, солениот раствор ги третира инфекциите ефективно. Од сите аптеки може да купите без рецепт.

Ќесички од чај од камилица

Ставањето изладени ќесички од чај од камилица на затворени очи, може да помогне за релаксирање. Освен тоа, се препорачува и при инфекции на очите. Некои чаеви имаат антивоспалителни и смирувачки својства. Освен камилицата, други чаеви кои помагаат се зелениот чај, чајот од ројбос и црниот чај. Освен за третирање на инфекциите, користењето на ќесички од чај е добар начин за намалување на отоците на очите.

Топли облоги

Ако имате инфицирани, иритирани и очи кои болат, топлите облоги се од голема помош. Може да се користат при конјуктивитис, блефаритис и суво око. Важно е да се запомни дека иако ги олеснуваат симптомите, сепак не се лек. Освен тоа, топлите облоги го подобруваат здравјето на очите. Најдобро е да натопите чиста крпа во топла, но не жешка вода и нежно да ја ставите на окото.

Ладни облоги

Ладните облоги помагаат за олеснување на непријатноста поврзана со некоја состојба на окото. Исто така, ладните облоги ги ублажуваат отоците при повреди и инфекции на окото. Натопете чиста крпа во ладна вода и нежно ставете ја на окото. Може и да ставите чиста навлажнета крпа во чист најлон и да ја ставите неколку минути во замрзнувач, а потоа нежно да ја ставите на окото.

Често перете ги крпите и навлаките

Ако страдате од очна инфекција, секојдневно менувајте ги и перете ги крпите со кои го бришете лицето и навлаките на перниците на кои спиете. Овие предмети се во контакт со инфицираното око, па може да ја пренесат инфекцијата и на здравото око, а и на друго лице. Користете жешка вода и детергент за да ги уништите бактериите.

Избегнувајте да користите шминка

Сите знаеме дека не треба да земаме или даваме шминка, како маскара, моливче и сенки за очи за да избегнеме очни инфекции. Но, исто така, при инфекција на окото, не треба да се користат ни сопствените шминка и четки за да не се пренесе инфекцијата на другото око или да не дојде до реинфекција при повторно користење.

Неколку совети за превенција на инфекции на очите:

  • Не ги допирајте очите, особено со валкани раце
  • Редовно мијте ги рацете, особено после контакт со валкани површини
  • Ако користите леќи, секогаш чистете ги, правилно чувајте ги и добро мијте ги рацете
  • Не делете крпи, шминки и четки со другите.

Ако вашето дете има очна инфекција, не се препорачува да ги пробувате овие средства, туку треба веднаш да го однесете на лекар. Ако забележите болка, осетливо око, солзење, црвени очи подолго време или осетливост на светлина, веднаш посетете лекар.

Додатоци на исхраната кои го штитат видот

Додатоците на исхраната се од голема помош кога станува збор за заштита на очите од инфекции и зачувување на нивното здравје. За да може да ви препорачаме соодветно, ја консултиравме Д-р Нела Деспотовска и ги издвојуваме следните:

  • Taurine. Тауринот се користи од организмот во визуелни патишта и поддршка на очите и централниот нервен систем. Во слободна форма се наоѓа во скелетните мускули, мрежницата на окото, црниот дроб, бубрезите, срцевиот мускул и мозокот и е од големо значење за функционирањето на нервниот систем и здрава визуелна функција. Ја подобрува циркулацијата на крвта и поттикнува регенерација на мрежницата на окото. Нашите пријатели Тримекс сега го имаат овој производ – Taurine. Производот содржи 100 капсули од по 500 mg, а ние топло го препорачуваме доколку имате некоја очна инфекција или сакате да го заштитите видот.
таурин
  • L-OptiZinc. L-OptiZinc е форма на комплекс на цинк со аминокиселина метионин. Цинкот е важен за апсорпција на витамин А кој ги штити очите и одржување на нивото на витамин Е. L-OptiZinc има антиоксидативни и заштитни својства, а исто така помага и за одржување на здрав вид.
  • Omega-3. Оmega-3 е есенцијална масна киселина неопходна за целокупното здравје и за растот и развојот низ сите фази на животот на човекот. DHA, која е омега 3 масна киселина, придонесува за одржување на нормален вид и здрави очи. Концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под строги стандарди за контрола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи.

Други додатоци во исхраната кои се од корист за видот и очите се: BioAstinвитамин Е, Vitamin B-2, витами B-1, AlphaSorb-C, Flush Free Niacin, и Methyl B-12.

Споменатите додатоци на исхраната може да ги набавите преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава, а ги има и во поголемите аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Напомена: Сите совети препорачани во овој текст не се замена за лекарско мислење, ниту се лекарски третмани. При посериозни проблеми со очите, потпрете се на лекар кој директно ќе има увид и ќе ве прегледа за да ви даде точна дијагноза и терапија.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: 7 препораки за силен имунитет на вашето дете.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: