мудри кујнски совети

7 мудри трикови со кои ќе изгледате како професионалец во кујната

Дури и на најискусните готвачи во семејството понекогаш им треба помош во кујната, бидејќи честопати, знаењето на состојките и начинот за подготовка на рецептите не гарантира и вкусни оброци. Тајните на големите готвачи се кријат во овие мудри трикови за обработката на состојките, односно печењето, запржувањето и печењето на скара, варењето и сл.

Затоа денес, со цел да ви помогнеме и олесниме работата во кујната, решивме со вас да ги споделиме најдобрите тајни на професионалните готвачи.

Пригответе сочно месо

Пречестото превртување на месото при пржење е причината поради која тоа ја губи сочноста и крцкавоста. Резултатот е добро познат – месото останува суво и безвкусно. Трикот за добро пржење на месото се наоѓа во точното време за превртување, кое најлесно се утврдува со едноставно протресување на тавчето. Доколку при протресување на тавчето, месото не е залепено и се лизга врз површината, значи дека тоа е вистинскиот момент да го превртите за да се пече на другата страна.

мудри трикови за пржење на месо

За пржење на храната користете сончогледово масло

Општо познат факт е дека маслиновото масло е поздраво за консумирање од сончогледовото. Сепак, истото не важи и при пржење на храната. Ладно цеденото маслиновото масло чади на повисоки температури и кога се користи за пржење влијае врз вкусот на храната. Затоа, секогаш кога ви е потребна поголема количина на масло за пржење, изберете сончогледово.

Едноставно проверете дали јајцата кои ги купувате се свежи

Ова е многу едноставен трик за проверка на свежината на јајцата. Наполнете длабок сад со ладна вода и пуштете го јајцето внатре. Доколку јајцето падне на дното и остане таму, тогаш тоа е знак дека јајцето е тазе. Доколку јајцето плови во средина на водата, тоа значи дека јајцето е чувано околу две до три недели, но сè уште добро за јадење. Доколку јајцето плови на површината, тоа е знак дека јајцето е расипано и не треба да се јаде.

Приготвеното месо послужете го по 15 минути

Приготвеното месо немојте да го служите веднаш на маса. За најбогат вкус и структура, оставете го месото да отстои 15 минути по готвењето, и потоа послужете го.

Совршено испечете риба на скара

Наједноставен трик за лесно печење риба на скара е со помош на парчиња лимон. Наредете тенки кругови лимон на скарата и поставете ја рибата врз нив. На овој начин, при печењето рибата нема да се лепи по скарата, а лимоните дополнително ќе го збогатат нејзиниот вкус.

Зачините при сечкање ви се лепат на ножот?

Доколку ги посолите свежите зачини со малку сол, ќе можете полесно да ги сечкате, бидејќи тие нема да се лепат за ножот.

Брзо омекнете го путерот

Доколку сакате да омекнете парче путер без да го стопите, употребете го следниот трик. Во микробрановата печка загрејте една стаклена чаша полна со вода. Потоа, истурете ја водата и со чашата покријте го парчето путер. Путерот ќе омекне за само неколку минути и ќе биде лесен за употреба.

Ви се допаднаа ли овие корисни мудри трикови кои ќе ви ја олеснат работата во кујната? Имате некој ваш, интересен трик кој секогаш го применувате? Споделете го со нас!

Автор: Кристина, уредник на fashioncorner.net, странски портал за мода и убавина.

Ви предлагаме да прочитате: 7 одлични трик кујнски совети од искусни домаќинки.

Сподели: