7 придобивки од мајонезот во служба на убавината и негата

Иако, најчесто мајонезот сите го користиме како прелив за салати или за сендвичи, тој може да се искористи и за многу други намени. И тоа, во служба на убавината и негата! Во продолжение дознајте како може да искористите мајонез во служба на убавината и негата на вашата коса, кожа и нокти.

Најчесто мајонезот е изработен од масло, вода, јајца, сол, шеќер, зачини и концентриран сок од лимон. Состојки кои мошне благопријатно влијаат врз здравјето на кожата, косата и ноктите.

Длабински ја хидрира кожата

Мајонезот во себе содржи јајца и масло кои се најдобри природни средства за хидратација на кожата. Сѐ што треба да направите е да нанесете 1 лажичка мајонез на вашата сува кожа и да го оставите истиот да делува околу 10 минути. Потоа, само преплакнете го лицето со млака вода, а вашето лице ќе стане видливо помеко и хидрирано.

Ја хидрира сувата и оштетена коса

Мајонезот може да ја омекне сувата коса и да ги скроти дивите кадрици. Помага во зачувувањето на влагата на сувата коса и на тој начин ја поттикнува нејзината хидратација. Јајцата и маслото, во состав на овој прехранбен продукт го зајакнуваат влакното и длабоко продираат во фоликулите на косата и го стимулираат нејзиниот раст.

Ја смирува воспалената и иритирана кожа

Мајонезот има способност да ја смири воспалената кожа. Исто така, дава и пријатно чувство на ладење. Затоа, може да се користи како средство за намалување на иритација и црвенило предизвикани од сонце, како и за смирување на болката од изгорениците.

Ја омекнува грубата кожа на лактите и колената

Со помош на мајонез може да ја хидрирате и грубата кожа на лактите, колената и стапалата. Се што треба да направите е да нанесете мајонез на овие делови и да го оставите да дејствува околу 10-15 минути, а потоа да се истуширате. Тој ја храни и хидрира кожата, така што третираните делови ќе станат значително помеки и помазни. За да почувствувате вистински резултати од овој третман, повторувајте го редовно.

Ги отстранува мртвите клетки

Нанесете мајонез на старата и сува кожа која се лупи и оставете го да делува околу 15 минути. Потоа, со помош на влажна крпа избришете ја маската, заедно со мртвата кожа и клетки. Она што ќе остане е мазна, мека и свиленкаста кожа. Може да го користите и за пилинг на лицето. За таа цел измешајте ½ лажичка мајонез и 1 лажичка кафеав шеќер.

Ги зајакнува ноктите

Мастите во мајонезот ги хранат и зајакнуваат кутикулите на ноктите, а истовремено и ги хидрираат. Затоа, за да имате силни нокти кои се отпорни на кршење, масирајте ги ноктите со мајонез околу 2 минути, а потоа исплакнете ги со топла вода. Вашите нокти ќе добијат здрав изглед, а кутикулите ќе бидат нежни и хидрирани. Дополнително, овој третман ќе ви ги омекне и дланките.

Помага против вошки

Вошките се чест проблем кај малите деца, а во последно време тие стануваат резистентни на многу лекови за нивно отстранување. Затоа, некои дерматолози препорачуваат да се третираат со мајонез. Освен тоа, мајонезот не содржи штетни и токсични материи како повеќето синтетички препарати наменети за елиминирање на вошливоста. За да се ослободите од овие мали напасти, сѐ што треба е да нанесете мајонез на скалпот и истиот да го оставите да дејствува околу 8 часа. За тоа време вошките ќе се задушат. На крај, темелно исплакнете ја косата и употребете чешел за да ги отстраните мртвите вошки. По потреба, повторете го третманот за 3-5 дена.

Напомена: Пред употреба на мајонез за било од кој погоре наведените состојби, проверете дали сте алергични на неговите состојки. Нанесете мала количина на внатрешниот дел од подлактницата и оставете го 20 – 30 минути. Доколку почувствувате чешање, пецкање или некоја слична непријатност, веднаш исплакнете со ладна вода и не нанесувајте мајонез на вашата кожа.

Ви препорачуваме да прочитате: Регенерирачка маска од мајонез за сува и оштетена коса.

Сподели: