7 совети како да припремите највкусна пржена риба 1

7 совети како да припремите највкусна пржена риба

Кога зборуваме за подготовка на риба, уште веднаш можеме да ви посочиме дека иако пржената риба е многу вкусна, препорачуваме почесто да ја подготвувате печена во рерна, и тоа во тава или во фолија. Варената риба ретко на кој му се допаѓа, а исто така како и печената во најголема мера задржува од квалитетните нутритивни карактеристики на рибиното месо. Сепак, бидејќи многумина обожаваат да подготвуваат вкусна пржена риба која ќе го задоволи вкусот и на најпребирливите гурмани, еве неколку совети.

Рибата, освен што содржи здрави масти, драгоцени за заштита од кардиоваскуларните болести, борбата против стресот и подобрување на концентрацијата, претставува и богат извор на минерали. Морската риба е богата со јод, калиум, натриум и бакар, додека слатководната риба содржи помало количество на натриум и јод. Докажано е дека рибиното месо и рибиното масло како составен дел на редовната исхрана ја намалуваат веројатноста за настанувањето на инфаркт, ги штитат коските, го спречуваат настанувањето на ракот и го успоруваат процесот на стареење. Повеќе за тоа може да прочитате тука.

7 совети како да припремите највкусна пржена риба 2

Пржењето на рибата е еден од наједноставните начини за припрема. При овој начин на подготовка, најдобро е да се добие крцкава кора, но и месото да остане влажно.

Неколку совети за највкусна пржена риба:

  1. Изберете соодветна риба за пржење. Лососот и другите риби со црвено месо, помрсните риби во главно, се погодни за пржење. Исто така, рибите кои имаат тенка кожа, овозможуваат добар вкус кога се пржени. Туна и сабјарка не се добар избор за пржење бидејќи имаат подебела кожа.
  2. Филетите исушете ги со помош на крпа пред да ги пржите.
  3. Рабовите на филетите засечете ги плитко на неколку места.
  4. Непосредно пред пржење зачинете ги рибите со сол и црн пипер по желба. Ако ги посолите прерано, солта ќе ја извлечи влагата од рибата и ќе добиете суво месо.
  5. Користете тава во која топлината се распределува рамномерно. Најдобро е да користите тава од нерѓосувачки челик или тефлон. Пред да додадете масло, благо загрејте ја тавата.
  6. Ако пржите филети, прво во тавата ставете ја страната со кожа. Не грижете се ако се залепи, рибата е пржена кога сама ќе се издвои од тавата, а за тоа да е така треба да ја ставите во врело масло и да не ја поместувате додека се пржи.
  7. За време на пржењето благо протресувајте ја тавата, за да не гори кожата за време на пржењето, но и да стане крцкава. По неколку минути, кога рибата е „одлепена“, свртете ја на другата страна и продолжете со пржење како и претходно.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 најздрави видови на риба според нутриционистите.

Сподели: