8 намирници за чистење на организмот на природен начин 1

8 намирници за чистење на организмот на природен начин

Постојат голем број на намирници за чистење на организмот на природен начин, па ви припремивме избрана листа. Сите намирници на неа се лесно достапни и препорачуваме да ги јадете почесто. Погледнете кои се тие!

Оваа листа изобилува со овошје, зеленчук, масла, па воопшто не е тешко да се вклучат во секојдневната исхрана.

8 намирници за чистење на организмот на природен начин 2

Авокадо

Авокадото го намалува холестеролот и ги проширува крвните садови. Содржи хранлива материја наречена глутатион, а која блокира повеќе од 30 различни видови на канцерогени заболувања. Исто така, му помага на црниот дроб да се ослободи од токсините.

Цвекло

Ова коренесто растение содржи природни компоненти кои го прочистуваат црниот дроб и крвта. Затоа, секогаш е добра идеја да го вклучите во вашиот оброк како салата или свежо цеден сок.

Боровинки

Тие претставуваат едни од најмоќните намирници на светот, бидејќи содржат природна форма на аспирин кој го намалува оштетувањето на ткивата предизвикани од хронични воспаленија, а покрај тоа ја намалува и болката. Боровинките исто така дејствуваат како природен антибиотик и ги блокираат бактериите во уринарниот тракт, така што ја спречуваат појавата на инфекции. Боровинките поседуваат и антивирусни особини.

Зелка

Зелката содржи многу антиканцерогени и антиоксидативни својства кои му помагаат на црниот дроб да го раствори вишокот хормони. Зелката помага и во прочистувањето на дигестивниот тракт, а неутрализира и некои од штетните материи пронајдени во цигарите. Покрај тоа ја зајакнува способноста на црниот дроб да се само детоксифицира.

Целер

Иако поретко се користат за кулинарски цели, коренот и семките од целер помагаат од организмот да се исфрлат канцерогените клетки. Семките од целер содржат повеќе од 20 антивоспалителни супстанци, а особено се ефикасни за прочистување на чадот од цигарите.

Брусница

Брусницата го прочистува организмот од штетни бактерии и вируси, особено оние кои се таложат во уринарниот тракт. Тоа се должи на фактот што брусницата изобилува со антивирусни и антибактериски материи.

Ленено семе и масло

Лененото семе и масло се богати со есенцијални масни киселини, особено омега 3 и од таа причина имаат позитивно влијание врз организмот, а ги неутрализираат и штетните материи кои се таложат во телото.

Морска трева

Ова е сигурно една од најпотценетите намирници на светот за кои е докажано дека се врзува за радиоактивниот отпад во организмот и го помага неговото исфрлање. Покрај тоа се врзува и за тешките метали и ги елиминира од телото, а изобилува и со разни минерали.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 намирници за пролетна детоксикација и слабеење. 

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: