Пречекајте ги спремни топлите денови! Ладните ветрови и време во голема мера влијаат врз изгледот и влажноста на кожата кај повеќето жени, па сега е идеален период да ја освежите и регенерирате! За среќа, природата ни нуди широк избор на природни начини за справување со сувост на кожата, кои ефикасно може да ги решат повеќето проблеми.
Кога е во прашање негата на коса и кожа, скоро и да не постои проблем кој не може да се реши на природен начин, без употреба на скапи препарати кои често во себе содражат и многу хемикалии, кои и не се баш здрави. Доколку и вие сте една од тие жени чија кожа станува сува и груба во зимскиот период, имаме супер совети за вас со кои ќе бидете спремни слободно и без срам да се пофалите со неа во топлите денови кои ни претстојат. Во продолжение ви претставуваме листа на најчести проблеми со кожата, како и природни препарати со кои истите може ефикасно да ги решите.

Проблеми со сува коса
Се што треба да направите е после миењето на косата, истата да ја исплакните со јаболкова киселина, па уште еднаш со ладна вода. Повтрувајте ја оваа постапка после секое миење и за многу краток период ќе забележите подобрување.
Проблеми со сува кожа на лицето
За да се ослободите од овој проблем направете маска, така што ќе изгмечите една зрела банана во која ќе додадете една чаша овесни снегулкки и малку млеко. Вака подготвената маска нанесете ја на чисто лице и нежно втријте ја со помош на прсти. Оставете ја да делува околу 10-15 минути, па исплакнете ја со топла вода.
Проблем со перутави веѓи
Од овој проблем ќе се ослободите многу лесно со помош на лимонов сок. Едноставно премачкајте ги веѓите со лимонов сок, кој ќе го оставите да делува околу 20 минути, па исплакнете го.
Проблем со суви и испукани усни
За да се ослободите од оваа непријатана појава направете си домашен пилинг за усни. Промешајте една лажичка кафеав шеќер со една лажичка кокосово масло и со оваа мешавина со нежни кружни движења истријте ги усните, па преплакнете ги со млака вода.
Проблем со груба кожа на лактите
За да си помогнете при оваа честа и непријатна состојба едноставно пресечете еден компир на два дела. На секоја половина ставете малку мед и шеќер, па со така подготвениот компир нежно истријте ги лактите.
Проблем со заноктиците околу ноктите
Од овој проблем можете многу лесно да се ослободите така што ноктите и прстите ќе ги масирате со маслиново масло пред спиење.
Проблем со сува кожа на колената
Направете пилинг од морска сол и малку маслиново масло. Со него истријте ги колената за време на туширање, па исплакнете ги со топла вода.
Проблем со груби и испукани пети
За да се ослободите од грубите пети направете мешавина од една чаша вода за плакнење на уста (антибактериска), една чаша јаболкова киселина и две чаши вода. Во оваа мешавина чувајте ги вашите стапала околу 20 минути, а резултатите ќе бидат видливи уште по првиот третман.
Ви препорачуваме да прочитате: 3 третмани кои се природен лек за сува кожа.