Обожавате свинско месо? Често го приготвувате, но никако да ги постигнете посакуваните резултати? – Не гриже те се! Прочитајте ги најдобрите кулинарски трикови за подготовка на сочно пржено свинско месо, кои ќе ви помогнат да станете вистински експерт или ако сте, пишете ни и споделете некој совет плус со нас, ќе ни биде драго.
Свинското месо може да го подготвите на стотици начини, а најважната цел е тоа да биде меко и вкусно внатре, а по желба крцкаво надвор. За да ги постигнете посакуваните резултати, ви откриваме 8 совети за подготовка на сочно пржено свинско месо. Ајде да видиме кои се тие!

„Патот“ до сочно пржено месо е следниот:
- Секое парче месо кое планирате да го пржите, ќе биде многу помеко доколку претходно го ставите во маринада со млеко. Ако не сакате да користите млеко, користете вино.
- За пржење најдобро е да употребувате месо без коска. На тој начин, парчињата ќе се испржат рамномерно.
- Не ставајте многу месо во тавата одеднаш. Парчињата треба да бидат убаво распоредени по дното.
- Доколку сакате сочно месо, оставете го најмалку 15 минути на собна температура, но не и подолго од 1 час пред готвењето.
- Користете дрвена лажица или шпатула за превртување на месото во тавата. Пробивањето на месото со виљушка овозможува соковите да истечат.
- За да се намали прскањето при пржење, исушете го целото месо со хартиена крпа пред да го ставите во загреано масло. Проверете дали целиот прибор е сув пред да дојде во контакт со маслото.
- Температурата на готвење треба да биде посилна на почеток, додека месото се запече, а потоа треба да се намести на средна јачина.
- Ако користите путер при пржењето, измешајте еднакви делови на путер и масло за да спречите горење на путерот и/или користете пониска температура.
*Важен совет: Ако месото има барем малку маснотија, не е потребно да додавате масло. Самото ќе се испржи и ќе биде уште поубаво.
Препорака за крај:
Македонската традиција е полна со разни рецепти за свинско месо, затоа што нашиот народ го обожава, а пржењето е еден од најлесните и најстарите методи на подготовка. Но, за уживањето да ви е загарантирано, месото најдобро да е свежо. Ако сакате да уживате во највкусно свинско на трпезата, набавете си свежо месо од Агриа. Го препорачуваме како производ со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Или со други зборови, од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор. Посетете некоја од нивните месарници ширум земјата или побарајте го во Тинекс маркетите и на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Совети и потребно време за маринирање на месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан текст.