необични примени на лимоновиот сок

8 необични примени на лимоновиот сок

Сокот од лимон го користиме за многу примени во домаќинството. Освен тоа што може да се користи во кулинарството, за чистење и за подготовка на многу домашни лекови, лимоновиот сок има и многу помалку познати примени во секојдневието.

Иако можеби мислите дека ги знаете сите негови примени, сигурни сме дека на оваа листа ќе пронајдете нешто што досега не сте го пробале.

необични примени на лимоновиот сок

Мелем за нокти со лимонов сок и маслиново масло

Доколку ноктите ви се жолти и безживотни поради предолга употреба на средство за отстранување на лак, проблемот може да го решите така што во мал сад ќе исцедите малку лимонов сок. Сѐ што треба да направите е да ги намачкате ноктите со лимоновиот сок и така да ги почувате 1 до 2 минути. Доколку во сокот додадете и 1 лажичка маслиново масло ефектот ќе биде уште поделотворен.

Лимоновиот сок во улога на дезодоранс

Доколку сте заборавиле со себе да понесете дезодоранс, а сте се испотиле во текот на денот, може да се послужите со сок од свеж лимон. Само нанесете неколку капки лимонов сок под пазувите и киселината од лимонот ќе ги убие сите бактерии кои предизвикуваат непријатен мирис. Сокот може да го користите како замена за стандардните дезодоранси и на тој начин да ги избегнете штетните хемикалии кои тие ги содржат.

Елиминирајте ги непријатни миризби во домот со сок од лимон

Сте чистеле риба или сте сечкале лук и сега никако не можете да се ослободите од непријатниот мирис на рацете? Само истријте ги рацете со лимонов сок и непријатниот мирис ќе го снема за час. Исто така, лимоновиот сок може да ве ослободи од непријатниот мирис на фрижидерот, микробрановата или било која друга површина. Доколку не ви се допаѓа мирисот на некоја храна во неа може да додадете неколку капки лимон и истото веднаш ќе добие попријатен мирис.

Средство против инсекти

Повеќето домашни инсекти се многу чувствителни на мирисот на лимон. Премачкајте го со лимон секое место каде што има инсекти како пајаци, мравки и мушички. Па, уживајте во топлите денови без досадните натрапници.

Исчистете ги прозорците со лимонов сок

Со помош на лимонов сок може да ги исчистите тврдокорните дамки од вода и прашина. Лимоновиот сок исцедете го директно врз крпата за чистење или разредете го со малку вода во шишенце со распрскувач.

Паста со лимонов сок и сол за отстранување на дамките од облеката 

Со помош на лимонов сок може многу лесно да се ослободите од дамките од пот, вино или црвено овошје на вашите алишта. Едноставно премачкајте ги издржливите ткаенини со паста направена од еден лимон и сол. Додека пак деликатните материјали третирајте ги со чист лимонов сок. После ваквиот третман само исперете го материјалот со ладна вода.

Средство против првут

Иако можеби лимоновиот сок нема да можи да го спречи повторното појавување на првутот, со него може мошне ефикасно да се ослободите од веќе постоечкиот. Пред да ја измиете косата нанесете лимонов сок од коренот до врвовите. Оставете да дејствува околу 10 минути, па измијте ја косата како и обично.

Средство за чистење на метал

Стариот сјај на бакарните тави или садови од нерѓосувачки материјал може да го вратите многу лесно со помош на лимонот. Премачкајте ги со лимонов сок, оставете да делува 5 -10 минути, а потоа премијте ги со топла вода.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 необични примени на лимонот.

Сподели: