дисбаланс во телото 1

9 знаци дека вашето тело е во нерамнотежа

Често страдате од главоболка? Чувстувате напнатост во вратот и рамената? Имате непријатен здив? – Овие, а и уште неколку сигнали, алармираат дека вашето тело е во нерамнотежа. Не паничете кога ќе забележите некој набројаниве симптоми. Внимателно следете ја секоја промена и пронајдете го проблемот, за да стигнете до решението. 

Сѐ друго се заменува, ама тело имаме само едно. Затоа, треба постојано да обрнуваме внимание на знаците кои ни ги дава кога е во нерамнотежа. Тие знаци укажуваат на промени за кои треба да реагираме, а не да ги занемаруваме. Запомнете: Телото е храм на душата. Затоа, треба да бидеме стрпливи, да делуваме со внимание и да не форсираме со нагли промени.

дисбаланс во телото 2

Главоболка

Главоболката може да биде резултат на внес на газирани пијалоци, нездрава храна, премореност или дехидратација. Често се јавува и при долговремено седење пред компјутер или гледање во телефон. Во ваков случај излезете на воздух, прошетајте, одморете ги очите, испијте вода и елиминирајте ја храната која ви создава проблеми.

Крв во урината или столицата

Ова е исто така сигнал кој никако не смее да се игнорира. Ако забележите крв во столицата или во урината, а знаете дека немате хемороиди, веднаш посетете доктор. Така со сигурност ќе знаете за што станува збор и како да го третирате проблемот.

Запек

Нередовната и тврда столица укажува на проблем со варењето на храната и зголемена потреба од растителни влакна. Збогатете ја исхраната во повеќе овошје и зеленчук и редовно консумирајте житарки од цело зрно. За подобрување на дигестијата се препорачува јогурт и друга храна богата со пробиотици.

Егзема

Промените на кожата често се сигнал на презаситеност на организмот со токсини или лоша исхрана. Ако се појави егзема или друго пореметување, воведете елиминациска диета со која ќе исфрлите одредени намирници како јајца, млечни производи, глутен, рафиниран шеќер. Егземата е многу често застапена и борбара со неа е постојана, па препорачуваме да внимавате на сувоста на кожата, доволно да ја хидрирате надворешно, а уште повеќе на исхраната и на корисните додатоци во неа.

Може да ве интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Симптоми на егзема и начини на третирање.

Болки во стомакот после оброк

После консумирање на одредена храна, забележувате болки во пределот на стомакот? – Тоа е сигурен знак дека таа намирница или намирници не се добар избор за вашиот организам. За да не си штетите и натаму, најдобро исфрлете ја од менито.

Страдате од запек, егзема или болки во стомакот? – Од голема помош ќе ви биде Acidophilus 4×6. Зошто баш Acidophilus 4×6? – Затоа што обезбедува балансиран спектар на полезни бактерии најдени во човековиот интестинален тракт. Acidophilus 4×6 е создаден со природна ферментација и содржи високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии.

Вкочанети врат и рамена

Напнатоста во вратот и рамената укажува дека сте под голем стрес. Применувајте методи за релаксација – медитирајте, вежбајте јога, шетајте во природа, седете во тишина, дозволете си масажа и топла купка. Сами истражете што ве опушта и ви го намалува стресот.

Хроничен замор и малку енергија

Постојано сте без енергија и се чувствувате како да ви се „ празни батериите“? – Преку заморот организмот ви укажува дека е преоптеретен и му е потребен одмор. Дозволете си одмор, квалитетен сон и внесувајте повеќе овошје и зеленчук кои се богати со антиоксиданси. Антиоксидансите плус го спречуваат штетното дејство на слободните радикали. Затоа, ви препорачуваме избран антиоксиданс. BioAstin е еден од најсилните природни антиоксиданти. Природниот астаксантин BioAstin е додаток во исхраната со моќни придобивки. Придонесува за:

  • нормален метаболизам на железото
  • одржување на кожата
  • нормален вид
  • нормална функција на имунолошкиот систем
  • ги штити клетките од оксидативен стрес.

BioAstin-от во својот состав содржи природен хавајски астаксантин. Астаксантинот е црвено обоен каротеноид кој се наоѓа кај водените животни. Повеќе за својствата на астаксантинот, дознајте тука.

Крварење од носот

Забележувате дека ви течи крв од носот?  – Можеби ви пречи сувиот воздух. Исто така, крварењето од носот може да сигнализира висок крвен притисок и алергија. Во многу ретки случаи станува збор за посериозно заболување. Во секој случај, обрнете внимание на овој сигнал.

Бели точки на ноктите

Ако на ноктите ви се појавиле бели точки, тоа може да значи недостаток на селен. Го има во бразилски ореви, морска храна, јајца, пилешки гради и друо. Ако и преку исхраната не успевате да го надополните, зголемете го неговиот внес преку додатоци на исхраната.

Ако се соочувате со недостаток на селен, топло ви го препорачуваме Selenium од NOW. Во само една капсула Selenium, има 100 mcg селен, што значи дека обезбедува 143% од дневните потреби.

Selenium:

  • ги намалува симптомите на астма
  • го подобрува репродуктивното здравје
  • штити од оксидативен стрес
  • намалува ризик од срцеви болести
  • го јакне имунитетот
  • го одржува здравјето на косата, кожата и очите.
селен тримекс

Сите споменати додатоци на исхраната може да ги нарачате со бесплатна достава преку онлајн продавницата на Тримекс. А, истите ги има и во подобро снабдените аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да го победите оксидативниот стрес?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: