варење на тестенини

9 брзи совети за подготовка на совршени тестенини

Обожавате ли тестенини? Не сте единствени. Тестенините се омилена храна на многумина, а може да ги јадеме за појадок, ручек или вечера. Па кога се послужени со екстра вкусен сос, никој не може да одолее. Но, за неговиот вкус да остане истакнат и тестенините треба да се така подготвени. И најдобриот сос би бил залудно потрошен доколку е сервиран со лошо сварени тестенини. За да го избегнете тоа, погледнете ги нашите брзи совети за подготовка на совршени тестенини. Станете експерт и изненадете ги сите со вашата мала тајна.

Иако, сите ние мислиме дека знаеме да направиме вкусни тестенини, сепак има некои мали тајни кои ќе ни помогнат да станеме вистински мајстори за нивна подготовка. Воопшто не е тешко истите да се применат, па вреди да се прочитаат и искористат.

подготовка на тестенини

Изберете тестенини по ваш вкус

На пазарот може да се сретнат најразлични видови на тестенини, но сите не се со ист квалитет и состав. Затоа, испробајте неколку тестенини од различни произведувачи, со цел да ги пронајдете оние кои најмногу ќе ви се допаднат.

Користете соодветен сад за готвење на тестенини

Една од најголемите грешки која се прави при приготвување на тестенини е користењето на премал сад. Малиот сад оневозможува тестенините да се сварат рамномерно. Така тестенините се лепат меѓу себе, па ако ви се случува ова, наредниот пат изеберете поголем сад. За 500 грама тестенини најдобро е да се користи сад за готвење од минимум 8 л. При готвењето не е потребно да користите капак, затоа што тестенините најдобро се варат во непоклопен сад.

Тестенините варете ги во поголема количина на вода

Ова е италијанска тајна која ја дознавме од врвните готвачи за подготовка на тестенини. Долго време ја применуваме и никогаш не ни се случило тестенините да се залепат на дното од садот. За секои 100 грама тестенини, потребен е околу 1 л вода.

Додајте сол во водата во која се варат тестенините

Тестенините имаат неутрален вкус, а за истиот да го подобрите, додајте сол во водата во која се варат. На 7 л вода, најдобро е да се додаде 1 лажичка морска сол.

Варете ги тестенините во веќе зовриена вода

Прво почекајте водата да зоврие, па ставете ги тестенините и измешајте ги. Тоа ќе помогне тие да не се залепат меѓу себе или пак на дното на садот.

Не заборавајте да ги промешате во текот на варењето

При варењето, тестенините треба повремено да се мешаат. Доволно е да ги измешате 3 – 4 пати во текот на варењето, со цел да го спречите нивното лепење.

Не додавајте масло

Доколку користите поголем сад, доволна количина на вода и редовно ги мешате, тестенините нема да се лепат. Затоа, не се препорачува додавање на масло во водата во која се варат. Маслото ќе ги направи премногу мрсни и нема да можат добро да се соединат со сосот.

Внимавајте да не ги преварите

Секогаш кога се готват тестенини треба да се следат инструкциите кои се наведени на пакувањето за да се избегне нивното преварување. Тестенините треба да бидат „ал денте“, а најлесно може да се провери дали тие се доволно зготвени со нивно дегустирање.

По варењето, немојте да ги миете со ладна вода

Откако тестенините ќе се сварат, нема потреба од миење со ладна вода. Водата во која се вареле тестенините содржи скроб и придонесува за нивниот вкус. Доволно е само да се процедат и да се измешаат со сосот.

Топлите тестенини послужете ги со сос

Тестенините се најубави кога се послужени со вкусен сос. Било кој сос и да го изберете ви гарантираме одличен вкус и гурманско уживање. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Кремасти тестенини со тиквички.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: