9 намирници кои треба да се избегнуваат при хипотироидизам

Тироидната жлезда е најголемата ендокрина жлезда во човековиот организам. Овој ендокрин орган со форма на пеперутка е одговорен за регулирање на метаболните процеси во телото и клеточната респирација. Зголемената функција на тироидната жлезда, проследена со прекумерно лачење на тироидни хормони е познато како хипертироидизам, додека намаленото лачење на тироидни хормони се нарекува хипотироидизам. Одредени хранливи состојки имаат силно влијание врз функцијата на тироидеата и можат да ја намалат способноста на телото за апсорпција на лековите кои ги земате за третман на оваа состојба. За да ви помогнеме, ви откриваме која храна треба да ја избегнувате при хипотироидизам.

Постојат фактори врз кои не можеме да влијаеме и да ги измениме, а тоа се генетските фактори, семејната историја на болеста и надворешната средина. Но, исхраната е фактор кој може да го контролираме и зависи само од нас бидејќи ние избираме што да јадеме. Па затоа, добро е да се знае која храна треба да се избегнува при хипотироидизам. Може да уживате во овие намирници, но сепак треба да го ограничите нивниот внес.

намирници кои треба да се избегнуваат при хипотироидизам 2

Крстоцветен зеленчук

Оваа група на зеленчук во која спаѓаат брокулата, зелката, карфиолот, кељот се богати со растителни влакна и други хранливи компоненти, но влијаат на производството на тироидни хормони при недостаток на јод. Па, ако имате недостаток на јод, ограничете го внесот на овие зеленчуци затоа што може да ја блокираат функцијата на тироидната жлезда да искористува јод кој е важен за нејзина правилна работа.

Соја и производи од соја

Веќе одамна се разгледуваат негативните ефекти на одредени компоненти во сојата врз тироидната жлезда. Тие состојки се изофлавоните. Преголем внес на соја може да го зголеми ризикот од хипотироидизам. Некои истражувања укажуваат на тоа дека сојата може да влијае на способноста на организмот ги да апсорбира лековите. Од таа причина, ако не можете целосно да ја исфрлите сојата од исхраната, а земате лекови, почекајте барем 4 часа откако сте имале оброк со соја за да го земете лекот.

Леб, тестенини и ориз со глутен

Лицата кои имаат хипотироидизам треба да го намалат внесот на глутен затоа што може да ја попречи апсорпцијата на лекови за тироидната жлезда. Дополнително на ова, целијакијата и хипотироидизмот обично одат рака под рака, па кај лицата со целијакија често настанува хипотироидизам.

Масна храна

Мастите ја нарушуваат можноста на телото да ги апсорбира лековите кои се замена за хормоните на тироидната жлезда. Исто така, мастите го нарушуваат и производството на хормони на тироидната жлезда. Се препорачува да ја исфрлите пржената храна од исхраната, како и мајонезот, путерот, маргаринот, а да го намалите внесот на масти од животинско потекло (месо).

Шеќери

Хипотироидизмот го забавува метаболизмот, што значи дека станува лесно покачувањето на килограмите ако не внимавате. Па затоа е добро да се избегнува, па дури и целосно да се елиминира храната богата со шеќери која е висококалорична и не содржи нутриенти.

Процесирана храна

Процесираната храна содржи големи количини на натриум кој луѓето со хипотироидизам треба да го избегнуваат. Намалената активност на тироидната жлезда го зголемува ризикот од висок крвен притисок, а големиот внес на натриум дополнително влијае на покачување на крвниот притисок.

Премногу растителни влакна

Растителните влакна се добри за организмот, но доколку внесувате поголеми количини, тоа може да го комплицира третирањето на хипотироидизмот. Растителните влакна ги има во житарки од цело зрно, грав, грашок, овошје, мешунки, зеленчук и сл. Преголемиот внес на оваа храна дури може и да му наштети на дигестивниот систем и да ја намали апсорпцијата на лековите.

Кафе

Внимателно планирајте го времето кога да го пиете првото утринско кафе. Кафето ја блокира апсорпцијата на лековите за замена за хормоните. Не се препорачува лековите да се земаат заедно со кафе, туку со вода. Потребно е да се чека најмалку 30 минути откако ќе го испиете лекот, па да се напиете кафе.

Алкохол

Алкохолот баш и не се сложува со тироидната жлезда. Консумирањето на алкохот може да направи хаос и во нивото на хормони во телото и можноста на тироидната жлезда да создава хормони. Алкохолот има токсичен ефект врз тироидната жлезда и ја намалува способноста на телото да ги корисни тироидните хормони.

Страдате од хипотироидизам? – Еве што може да ви помогне:

За помош при третман на хипотироидизам, од голема помош може да ви биде Potassium plus Iodine од NOW. Potassium plus Iodine од NOW е додаток во исхраната, производ кој содржи јод и калиум. Јодот, во форма на јодид, е составен дел од тироидните секрети кои го регулираат клеточниот метаболизам и производството на енергија. Калиумот е минерал кој е неопходен за одржување на здрава рамнотежа на вода и електролити, како и pH на целото тело. Potassium plus Iodine претставува исхрана за здрава функција и поддршка на работата на тироидната жлезда. Дополнително, ја поддржува и рамнотежата на електролитите. Се препорачува да се зема по 1 таблета дневно Potassium plus Iodine со храна. Производот е наменет за вегани и вегетаријанци и не содржи ГМО.

хипотироидизам

Potassium plus Iodine може да го нарачате од онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: 7 знаци на нарушена функција на тироидната жлезда.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: