9 трикови за совршено свинско печење

Свинско месо од рерна е одлично јадење за разни пригоди, а и за секој ден! Добитна идеја за фамилијарен ручек или за подготовка на богата празнична трпеза. А, за да направите вистински деликатес во кој ќе уживаат сите, ви споделуваме 9 трикови за подготовка на совршено свинско печење. Ако знаете нови кои не се споменати тука, споделете ги со нас во групата на Сè за храна, радо ќе ве читаме!

Погледнете кои ги издвоивме, а наредниот пат кога ќе приготвувате печено свинско месо, применете ги и секако кажете ни како ви се допаднаа. Ве уверуваме дека посакуваниот резултат ќе биде неизбежен, па уживајте во готвењето!

8 трикови за совршено свинско печење

Еве како да подготвите совршено свинско печење:

  • За крцкава кора/површина на месото, проверете дали рерната е убаво загреана и не го покривајте месото додека се пече.
  • Изберете квалитетно парче месо. За да подготвите совршено вкусно печено месо кое ќе го обожаваат сите, најважно е да изберете квалитетно месо. Набавете свежо свинско месо од месарниците на АгриаМесото е со врвен квалитет кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Ние долги години сме задоволни корисници, па затоа и ги препорачуваме. Посетете ги месарниците на Агриа во Велес, Штип и Битола или Тинекс и Рамстор маркетите и набавете си квалитетно и свежо месо.
  • За да додадете дополнителен вкус, истријте ја површината на месото со вашите омилени зачини пред печењето.
  • Печењето на пониска температура, а подолго време во рерна ќе резултира со повкусно и посочно месо. Но, во ваков случај користете пекач, друг сад со капак или затворете со фолија, во спротивно, месото ќе ја изгуби сочноста од долгата изложеност на температура во рерната.
  • Месото со коска ќе се испече побрзо, бидејќи коската ја спроведува топлината до месото побрзо и рамномерно по целото парче.
  • Ако сакате да го превртите месото во тавата додека се пече, не користете остри прибори. На тој начин може да го пресечете месото и да истечат соковите кои ја даваат сочноста. Подобро користете дрвени лажици или шпатули за вртење на месото.
  • Ако готвите повеќе парчиња месо во иста тава, препорачливо е да оставите простор помеѓу нив. Парчињата не треба да се допираат за да може воздухот и топлината да циркулираат и месото рамномерно да се пече.
  • Ако ставате термометар во месото за да проверите дали е подготвено, бидете сигурни дека термометарот не допира коска, бидејќи тоа може да резултира со лажно отчитување.
  • Маснотијата од тавата во кое се печело месото можете да ја искористите за да подготвите вкусна супа, чорба или сос за послужување, секако ако не сте користеле некои специфични зачини или маринада за печење која не е соодветна за подготовка за друго јадење.

Ви препорачуваме да прочитате: Совети и потребно време за подготовка на сочно свинско месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: