Стомачен вирус

Како да се справите со стомачен вирус во лето и на почеток на училишната година? – Совети од Д-р Нела Деспотовска

Една од причините која го нарушува здравјето во лето и при почеток на школската година е стомачниот вирус. Како што температурите растат, веројатноста за појава на стомачен вирус се зголемува. На оваа важна тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска и се консултиравме која храна се препорачува и како да си помогнеме при стомачен вирус.

Стомачните вируси во лето, познати и како вирусен гастроентеритис, можат да бидат предизвикани од различни вируси, вклучувајќи ротавирус, аденовирус, норовирус и астровирус. Овие вируси се често пренесуваат преку контакт со заразени лица или преку загадена храна и вода.

Стомачен вирус

Кои се симптомите при појава на стомачен вирус?

Најчестите симптоми на стомачниот вирус (вирусен гастроентеритис) вклучуваат:

  • Гадење
  • Повраќање – чест симптом кој може да биде интензивен и да доведе до дехидратација.
  • Дијареја 
  • Температура – вообичаено се јавува малку покачена до умерена температура.  
  • Гасови и подуеност.

Симптомите обично се појавуваат брзо, во рок од 1 до 3 дена по инфекцијата.

Што да направиме кога имаме стомачен вирус?

Кога се појави стомачен вирус, важно е да се следат неколку чекори:

  1. Хидратација: Прво и најважно е да пиете течности за да се спречи дехидрација. Ова е многу важно ако имате повраќање или дијареја. Внесувајте вода, чаеви од нане, камилица или ѓумбир кои ги смируваат желудникот и цревата, вклучете супа во исхраната и земајте електролити. 
  2. Одмор: Добриот одмор ќе ви помогне за побрзо закрепнување.
  3. Задолжително користете пробиотици. 

Кои суплементи се препорачуваат?

За поддршка на имунолошкиот систем и побрзо закрепнување од стомачниот вирус се препорачуваат:

Пробиотици

Недоволниот внес на пробиотици може да резултира со низа проблеми: дијареја или запек, стомачни тегоби, метаболички проблеми и дебелина, пад на имунитетот и зачестени појави на инфекции и алергии. Внесувањето квалитетни пробиотици, во соодветна доза и доволно долго, помага во обновување на цревната микрофлора. 

Ги препорачуваме:

BerryDophilus Kids – за деца

NOW® BerryDophilus™ обезбедува 2 милијарди CFU од комбинација на 10 клинички потврдени пробиотски бактериски видови создадени за поддршка на гастроинтестиналното здравје и функцијата на здрав имунолошки систем. Здравата цревна флора исто така помага да се создаде поволна околина за апсорпција на хранливите материи. Повеќе за пробиотикот, прочитај на vitamini.mk од каде може да го нарачаш со бесплатна достава. 

Acidophilus 4×6 – за возрасни

Acidophilus 4×6 од Now Foods е создаден со природна ферментација и содржи високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии Lactobacillus acidophilus во една капсула (6 вида на пробиотици). Збогатен е со концентрирани фруктоолигосахариди (FOS) кои го помагаат растот на добрата микрофлора во цревата, односно ацидофилните бактерии. Дознај повеќе и нарачај го со бесплатна достава преку vitamini.mk. 

Achiophilus

Probiotic-10 25 Billion – за лица кои често имаат проблеми со дигестивниот систем, проливи, гадење и повраќање. Кликни тука и дознај повеќе за придобивките од овој пробиотик. 

AlphaSorb-C (Витамин C)

Метаболитите на AlphaSorb-C ја зголемуваат ефикасноста на витаминот Ц, го зголемуваат степенот на искористливост на витаминот Ц во однос на стандардниот витамин Ц, што е многу значајно во процесот на оздравување.

Придобивки од AlphaSorb-C:

  • Најдобар извор на некиселинска форма на Витамин Ц.
  • 4 пати поголема апсорпција од обичниот Витамин Ц.
  • 300% поголема биорасположливост.

Повеќе информации за споменатите додатоци прочитајте на веб страницата на vitamini.mk, од каде што може да ги нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

AlphaSorb-C

Каква исхрана се препорачува кај лицата кои имаат стомачен вирус?

Кога лицето има стомачен вирус се препорачува лесна храна, како што се банани, ориз, компири и јогурт или кисело млеко.

Задолжително треба да се избегнува масна, зачинета и тешка храна, кои можат да ги влошат симптомите.

Важно: Ако симптомите се сериозни или траат подолго од 3 дена, консултирајте се со лекар.

Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Што треба да знаете при изборот на пробиотици?

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: