Октомври е месец посветен на борба против карциномот на дојка! Во овој месец, многу организации и поединци организираат различни активности кои имаат за цел да се подигне свеста за важноста на раното откривање и превенцијата на оваа болест. Кон оваа иницијатива се приклучуваме и ние!
Заедно со Д-р Нела Деспотовска споделуваме совети и насоки кои ќе ви помогнат за намалување на ризикот од карцином на дојката.

Кои жени се под ризик?
Постојат неколку фактори кои го зголемуваат ризикот од карцином на дојката. Тоа се:
- Возраст: Ризикот од карцином на дојка се зголемува со возраста, особено по 50-тата година.
- Семејна историја: Жените кои имаат роднини со карцином на дојка, особено ако тие биле дијагностицирани во помлада возраст, имаат повисок ризик.
- Генетски фактори: Присуството на специфични гени, како што се BRCA1 и BRCA2, значително ја зголемува веројатноста за развој на рак на дојка.
- Хормонска терапија: Употребата на хормонска терапија за време на менопауза може да го зголеми ризикот.
- Начин на живот: Прекумерната телесна тежина, недостатокот на физичка активност, консумацијата на алкохол и пушењето, се поврзани со зголемен ризик.
- Рана менструација и доцна менопауза: Жените кои започнале со менструација пред 12-годишна возраст или кои влегле во менопауза по 55-годишна возраст имаат повисок ризик.
Како да го намалиме ризикот од карцином на дојката?
Превенцијата е најважна! Иако можеби сте во ризичната група, примената на здравите навики и редовните медицински прегледи се клучни за добро здравје. Ви препорачуваме:
Редовна физичка активност
Истражувањата покажуваат дека физичката активност, особено вежбањето барем 4 пати неделно, значително го намалува ризикот од карцином на дојка. Вежбањето помага во одржување на идеална тежина и подобрување на општото здравје.
Одржувајте идеална тежина
Зголемувањето на телесната тежина, особено по менопаузата, е поврзано со зголемен ризик од карцином на дојка. Затоа, трудете се да одржувате идеална телесна тежина во текот на целиот живот.
Потрудете се исхраната да биде здрава и балансирана
Исхраната богата со зеленчук, овошје, житарици во цело зрно и здрави масти се препорачува за намалување на ризикот од карцином на дојката и за одржување на добро здравје.

Правете редовни медицински прегледи
Редовните мамографии и самопрегледи на дојките можат да помогнат во раното откривање на промени или тумори, што е клучно за добар исход и полесно надминување на проблемот.
Престанете да пушите
Пушењето е поврзано со многу видови рак, вклучувајќи го и карциномот на дојка. Ако пуштите и сте во ризичната група, ве советуваме да престаните со пушењето. Така ќе го намалите ризикот и ќе го подобрите целокупното здравје.
Кои додатоци се корисни и се препорачуваат за жените?
Indole-3-Carbinol
Indole-3-Carbinol е биолошки активен додаток од растително потекло кој има висока антитуморска активност. Има улога во нормализирање на метаболизмот на естрогенот и за намалување на ризикот од развој на миоми, малигни тумори и неоплазми. Индолот се користи во комбинација со терапија со зрачење, хемотерапија, радикален или палијативен хируршки третман, рак на дојка зависен од хормони, миоми, грлото на матка и матката, јајниците. Исто така може да се користи за да се спречи нивното повторување.
Полезни ефекти:
- При мастопатија, ендометриоза и миом на матка
- При HPV инфекција и за олеснување на симптомите при ПМС
- За нормализирање на нивото на хормони кај жените
- Спречува развој на Herpes simplex
- Има антиестроген ефект
- Природен антиоксиданс, го забавува процесот на стареење и ги штити ткивата од штетни материи.
- За спречување на неопластични заболувања кај женскиот репродуктивен систем.
- Ги штити белите дробови од штетните ефекти на токсичните материи.
- Го зајакнува имунолошкиот систем.

Ако имаш некојa од споменатите состојби, искористи 40% попуст и нарачај Indole-3-Carbinol преку vitamini.mk.
Дополнително се препорачуваат:
Витамин Д
Постојат истражувања кои укажуваат дека витаминот Д може да има заштитна улога против карциномот на дојка. Ниски нивоа на витамин Д се поврзани со зголемен ризик од развој на карцином.
Ако сте во ризичната група, ве советуваме да направите проверка на нивото на витамин Д преку крвта, и во случај на ниски вредности, ви препорачуваме да вклучите:
- Vitamin D-3 Liquid, Extra Strength – витамин Д во капки
Антиоксиданти
Антиоксидансите како што се витамините Ц (AlphaSorb – C) и E (Sun-E), заедно со селенот, можат да помогнат во заштита од оксидативниот стрес, со што се намалува ризикот од појава на карциноми.
Препораки:
Повеќе информации за споменатите додатоци прочитајте на веб страницата на vitamini.mk, од каде што може да ги нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Пред да започнете со суплементација, консултирајте се со својот матичен лекар.
Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Женско здравје – што треба да знаете?
*Текстот е овозможен од vitamini.mk.
