Зимските месеци се поврзани со зголемен ризик на различни инфекции. Зошто во зима настинките и грипот се почести? Како да разликуваме дали станува збор за настинка или грип? Што може да ни помогне за превенција и при појава на болеста? – На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска.

Кои се разликите меѓу грипот и настинката?
И грипот и настинката се вирусни инфекции. Грипот е предизвикан од вирусот на инфлуенца, додека настинката може да биде предизвикана од многу различни вируси, вклучувајќи риновируси. За разлика од настинката, грипот е посериозна болест. Клучните разлики меѓу грипот и настинката се:
Грипот започнува изненадно
- Често се јавува висока температура, треска, главоболка, мускулна болка и општа слабост.
- Од респираторните симптоми се јавуваат кашлица, течење од носот и болки во грлото.
- Симптомите можат да траат до две недели и значително влијаат на способноста за извршување на секојдневните активности.
Грипот е познат по својата тежина и може да предизвика компликации, особено кај постарите лица или оние со хронични заболувања. Ако забележите некој од симптомите, задолжително побарајте лекарска помош.
Настинката се развива постепено
- Симптомите се појавуваат постепено и обично вклучуваат течење на носот, болки во грлото и кашлица.
- Настинката е помалку сериозна и симптомите обично исчезнуваат за неколку дена до една недела.
Настинката обично не предизвикува сериозни компликации и може да се третира со домашни лекови или без рецепт.
Како да се заштитиме од овие зимски болести?
Во превенцијата и полесното надминување на болеста може да ви помогнат следните додатоци:
Витамин Ц – AlphaSorb C: Познат по своите антиоксидантни својства, може да помогне во заштита од настинки и грип. Зошто да изберете AlphaSorb C:
- Најдобар извор на некиселинска форма на Витамин Ц
- 4 пати поголема апсорпција од обичниот Витамин Ц
- 300% поголема биорасположливост.
Витамин Д: Има важна улога во имунолошката функција и може да го намали ризикот од респираторни инфекции.
NAC: NAC (N-acetylcysteine) е суплемент кој се користи за различни здравствени проблеми. NAC има силно антиоксидативно дејство, пред се е прекурсор на глутатион кој ги неутрализира слободните радикали и има заштитна улога на респираторниот систем од штетното дејство на слободните радикали. Ацетилцистеинот е експекторант и муколитик, дериват на цистеинот. Тој ги кине дисулфидните врски помеѓу мукополисахаридните влакна и има деполимеризирачко дејство врз ДНК нишките на воспалителната бронхијална слуз, резултирајќи со намалена вискозност на бронхијалниот секрет и негов олеснет транспорт и исфрлање од бронхијалното стебло и трахеата. Ацетилцистеинот има секретолитичко дејство кое предизвикува разводнување на густиот бронхијален секрет и олеснето поминување низ бронхиите и трахеата, и на тој начин ја зголемува ефикасноста на искашлувањето и го подобрува дишењето. NAC може да го набавите во поголемите аптеки низ земјата или да го нарачате преку vitamini.mk со бесплатна достава до дома.

Зголемете ја хигиената
- Често мијте ги рацете со сапун и вода, или користете средства за дезинфекција.
- Избегнувајте допир на лицето, особено очите, носот и устата.
- Дезинфицирајте ги површините како што се кваки на вратите или работни површини.
- Избегнувајте споделување лични предмети како чаши и прибор.
Вакцинација
Размислете за вакцинација против грип, особено ако сте во ризични групи (возрасни над 65 години или лица со ослабен имунолошки систем).
Препораки:
Повеќе информации за споменатите додатоци прочитајте на веб страницата на vitamini.mk, од каде што може да ги нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Пред да започнете со суплементација, консултирајте се со својот матичен лекар.
Може да те интересира: Силен имунитет, основа за добро здравје – природни начини прв избор.
*Текстот е овозможен од vitamini.mk.
