АДХД деца и возрасни

Кои се симптоми на ADHD кај децата и возрасните? Што може да помогне? – Препораки од Д-р Нела Деспотовска

ADHD (Синдром на дефицит на внимание и хиперактивност) е често  невро-развојно нарушување со кое се соочуваат 11% од децата, односно преку 7 милиони деца во светот. Од ова нарушување страдаат и 2 до 5% од возрасните. Кои се симптомите? Дали детето е немирно или пак има ADHD? На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска.

АДХД се дефинира како комбинација од намалено внимание, ментално несоодветно, хиперактивно и импулсивно однесување што го нарушува нормалното функционирање на детето дома и на училиште.

АХДХ

Како да препознаеме дали децата и возрасните имаат проблеми со АДХД? Кои се најчестите симптоми?

АДХД се јавува кај деца, адолесценти и возрасни лица со различна манифестација на симптоми како:

  • Промени во расположението
  • Анксиозност
  • Импулсивност
  • Непријателство 
  • Неорганизираност
  • Слаба концентрација 
  • Намалена способност за навремено завршување на зададените работни задачи и неможност за следење на инструкции
  • Нарушувања во спиењето
  • Главоболки и мигрена
  • Абдоминален дискомфорт. 

ADHD може значително да влијае на училишниот успех, работната продуктивност, социјалните односи и секојдневното функционирање. Важно е да се напомене дека не сите лица со ADHD ги покажуваат сите симптоми и дека интензитетот на симптомите може да варира.

Каков е третманот за ова нарушување?

Третманот на ADHD често вклучува комбинација од бихејвиорална терапија и лекови. Терапијата може да помогне во развивање на стратегии за справување со симптомите и подобрување на секојдневното функционирање, додека лековите може да помогнат во регулирање на хемиските процеси во мозокот кои се поврзани со вниманието и контролата на импулсите. Дополнително, како што наведуваат истражувањата, исхраната и додатоците во исхраната можат да имаат важна улога во менаџирањето на симптомите на ADHD.

Кои се најважните совети?

Во врска со исхраната и додатоците, препорачуваме:

Намалете ја количината на едноставни шеќери

Избегнувајте внес на додаден шеќер, како и намирници кои се богати со едноставни шеќери. Појадокот и ручекот нека бидат богати со протеини, сложени јагленохидрати и растителни влакна. За појадок изберете овесна каша и чаша млеко, или парче леб од цело зрно, премачкан со путер од кикирики. 

Омега-3 рибино масло

Истражувањата покажуваат дека Омега-3 можат да помогнат кај лицата со ADHD. Препорачаната дневна доза е од 700 до 1.000 mg за помали деца и од 1.500 до 2.000 mg за возрасни. Ги препорачуваме Omega-3 од NOW . Концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под строги стандарди за контрола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи (жива, тешки метали, PCB’s, диоксини и др. загадувачи). Додатокот може да го набавите преку веб продавницата на vitamini.mk со бесплатна достава или побарајте го во поголемите аптеки. 

Кликни тука за повеќе информации. 

За децата се препорачува DHA Kids Chewable – меки капсули со рибино масло. 

Цинкот е важен за нормална функција на мозокот

Цинкот има важна улога во метаболизмот на неуротрансмитерите, простогландините и за одржување на структурата и функцијата на мозокот. Цинкот е неопходен за метаболизмот на мелатонинот – хормон кој е важен за сонот. Ако имате или се сомневате дека имате AHDH и страдате од несоница, вклучете цинк како додаток во исхраната. Цинкот исто е важен за регулација на допаминот. Го препорачуваме L-OptiZinc. L-OptiZinc е форма на комплекс на цинк со аминокиселина метионин. Истражувањата покажаа дека овој производ подобро се апсорбира и се задржува подолго во споредба со други тестирани форми на цинк. Може да го нарачате преку:

Цинк

Магнезиум – лицата со ADHD имаат пониско ниво на магнезиум во крвта

Истражувањата покажуваат дека лицата со AHDH имаат пониско ниво на магнезиум во крвта. Магнезиумот помага во регулацијата на невротрансмитерите кои испраќаат сигнали до мозокот и нервниот систем, промовирајќи релаксација и намалувајќи го времето потребно за да заспиете. Кај лицата со AHDH се препорачуваат Magnesium Glycinate или Magnesium Citrate. 

Magnesium Glycinate се препорачува за поддршка на мозочната функција кај лица кои страдаат од анксиозност, несоница и за подобрување на когнитивната функција. 

Овие две форми на магнезиум може да ги набавиш:

Магнезиум

Совети плус:

  • Избегнувајте вештачки адитиви, бои и конзерванси. 
  • Водете дневник за исхраната и забележете кои намирници ги влошуваат симптомите на AHDH. Најчесто проблем може да предизвикуваат млечните производи, пченицата и сојата. Откажете една или две намирници кои се сомневате дека ги влошуваат симптомите, за период од две до три недели и потоа забележете дали има подобрување на состојбата. 
  • Комбинација на валеријана и мелиса помага да се релаксираат децата со ADHD со намалување на анксиозноста. 

Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Ашваганда за смирен ум ослободен од стрес и анксиозност.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: