чоколаден-пијалак-со-желатин

Пијалак со желатин кој ќе ве ослободи од болките во половината

Овој пијалак со желатин се состои од исклучително здрави состојки и може да ви помогне за намалување на болките во половината, зглобовите и за намалување на телесната тежина. За да го направите потребни ви се желатин, какао, мед и млеко.

Желатинот се состои од протеини, минерални материи и вода. Одредени клинички испитувања докажале дека желатинот може да ја намали болката и да ја подобри функцијата на зглобовите кај пациенти со остеоартитис. Тој содржи колаген, кој е потребен за изградба на рскавиците и коските.

Медот е идеална храна и завзема место во многу диети, како за слабеење, така и за болни лица. Се препорачува редовно да се користи кај лица кои земаат лекови, при заболувања на црниот дроб, жолчката, бубрезите и друго. Медот е одличен за утринска детоксикација.

Какаото има бројни придобивки, а истражувањата потврдиле дека тоа помага за ослободување од емотивниот стрес, намалување на менталниот замор и симптомите на депресија.

Млекото е извор на витамини и минерали, а особено калциум кој е значаен за здравјето на коските и развој на мускулите. Покрај тоа, содржи протеини, масти, јагленохидрати, а е добар извор на фосфор, витамин Д, рибофлавин и витамин Б12.

чоколаден-пијалок-со-желатин

Состојки:

  • 1 мала лажичка какао
  • 1 мала лажичка мед
  • 100 мл вода
  • 100 мл млеко
  • 5 грама (половина ќесичка) желатин

Подготовка:

  1. Желатинот ставете го во чаша и додадете 50 мл вода. Измешајте и оставете го да набабри за време од 10 минути.
  2. Какаото, преостанатата вода и млекото ставете ги во сад на оган да се варат. Штом какаото ќе зоврие, тргнете го садот и оставете го кратко време да се излади.
  3. Во какаото додадете го желатинот и измешајте убаво за да се раствори желатинот, а потоа додадете го медот и повторно измешајте. Овој пијалак со желатин консумирајте го наутро на празен желудник.

Сподели: