варени-јајца

Идеални тврдо варени јајца во рерна

Кога станува збор за подготовка на тврдо варени јајца, повеќето луѓе ги ставаат јајцата во вода која врие и ги оставаат да се варат. Но, така варените јајца често пати се невкусни, а жолчката им се распаѓа и се лепи на јазикот како прав.

Совршените тврдо варени јајца треба да имаат мек центар, помеѓу жолчката и белката да нема зелени траги. Белката и жолчката на јајцето се варат нерамномерно, така што високата температура предизвикува стврднување на протеините кои се наоѓаат во белката. Причината за појавата на зеленкасто-сивата боја околу жолчката, е резултат на хемиска реакција која настанува како резултат на преварување на висока температура, а тоа се должи на создавањето на железо сулфид, при што железото од жолчката реагира со водород сулфидот од белката.

Ако твдро варените јајца ги имаат овие знаци, тогаш тие се преварени.

Покрај тоа, често пати се случува пукање на лушпата на јајца кои се варат на дното на тенџерето. Како подобар начин за постигнување на совршено варени јајца ви предлагаме да ја испробате техниката во рерна.

За да направите тврдо варени јајца во рерна потребни ви се јајца, калап за мафини, неколку коцки мраз и ладна вода.

Подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 175 степени.
  2. Внимателно наредете ги јајцата во калапот и ставете ги во загреената рерна. Оставете да се приготвуваат за време од 30 минути.
  3. Потоа, извадете ги од калапот и ставете ги во ладна вода со мраз. Оставете ги да се изладат за време од 10 минути.
  4. Изладените варени јајца излупете ги и послужете. По желба наросете ги со црн пипер.

Сподели: