лук-во-тегла

Генијален трик: Излупете главица лук во тегла

Лукот често пати се користи како додаток во супи, тестенини, сосови, а благодарение на неговите состојки делува антивирусно, антибактериски и го зајакнува имунитетот.

Голем број на истражувања потврдуваат дека лукот позитивно влијае за намалување на високиот холестерол и високиот крвен притисок, превенира појава за срцеви заболувања, го поттикнува растот на косата и слично.

Ако лупењето на лукот ви претставува проблем, сега има многу лесно решение за тоа. Овој кујнски трик за лупење на лук во тегла ќе ви помогне за да го избегнете мирисот на вашите дланки и да заштедите време при подготовката на јадења. Потребна ви е само мала стаклена тегла. Едноставно ставете лук во тегла, затворете и протресете неколку секунди.

Сподели: