Mакало со тиквичка 1

Mакало со тиквичка

Како и многумина од нас кои обожаваме да готвиме, Кате ни кажа дека идејата за макало со тиквичка ја доби на многу едноставен начин, кога отворила да провери што може да се искористи од фрижидерот, а стои повеќе дена.

Превкусно изгледа, а можеме да потврдиме за вкусот, бидејќи и ние го пробавме!

Mакало со тиквичка 2

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 тиквичка
  • 5-6 чешниња лук
  • 250 мл доматна салса или доматно пире
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • маслиново масло, сол, црн пипер по потреба.

Подготовка:

  1. Во тава на оган ставете маслиново масло, додајте ги ситно сечканиот кромид и ситно изренданиот морков.
  2. Пржете додека кромидот малку омекне и додајте ја изренданата тиквичка.
  3. Откако убаво омекнал зеленчукот, во тавата додајте го доматното пире, сечканиот лук и магдоносот.
  4. Посолете, наросете црн пипер и оставете околу 5 минути на тивок оган да прокрчка.
  5. Макалаото може да го послужите додека е топло или откако ќе се излади, а добро оди во комбинација со топло лебче или домашно приготвени тортиљи како што можетеда погледнете на погорната фотографија.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Македонско традиционално макало.

Сподели: