летно макало

Македонско традиционално макало

Искористете ги деновиве и направете си превкусно летно макало од пресни печени пиперки, лукче, домат и магдонос. Одлично е! Се надополнува со разни јадења со месо, посебно оние кои се печени или приготвени на скара и овозможува уживање на кое цело друштво нема да може да одолее.

Македонскиот народ обично како традиција практикува во вака подготвеното макало да се потопи залак леб кој ќе го оформи целосно вкусот на јадењето. Не без причина и долги векови се припремало ова макало и многу други слични на него, секој регион со својата приказна и својот вкус, а сите од убави поубави. Денес, да го пробаме предлогот на Катерина М.

макало

Состојки:

  • 10 пиперки
  • 1 печена лута пиперка
  • 2 домати
  • 5 гранчиња магдонос
  • 5-6 чешниња лук
  • по потреба сол, масло.

Подготовка:

  1. Пиперките најпрво измијте ги и испечете ги.
  2. Во сад за толчење ставете го лукот, посолете и истолчете го.
  3. Печените пиперки исечкајте ги на парчиња, а потоа додајте ги во садот со лукот. Истолчете ги заедно.
  4. Доматите измијте ги, излупете ги по желба, па исечкајте ги и благо истолчете ги. На крај додајте ги и нив во садот.
  5. Додајте го сечканиот магдонос и измешајте ја смесата. Посолете и налејте масло кое може да е ладно или малку загреано.
  6. На крај, измешајте ги добро сите состојки и готовото макало послужете со топло лебче. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошеска Глигоровска

Сподели: