Летото полека одминува, па ако си дозволивте да „се опуштите“ време е полека да им се вратиме на здравите навики и активности. Ако не знаете од каде да почнете ние ќе ви помогнеме – посетете го четвртото издание на Health, Fitness & Wellness Expo!

Започна дванаесеттото издание на Локум фест – музика и традиција, кое традиционално се одржува во старата битолска чаршија (пред Бар Чаршија), од 19-21 Јули 2018. Фестивалот ќе трае три дена, а секоја од фестивалските вечери има свој сензибилитет и вреди да се види. Погледнете ги фотографиите во прилог и искористете го викендот за посета на фестивалот и старата чаршија на Битола.
Да ја продолжиме традицијата и радоста за убавите празници! Инспирирани од престојниот христијански празник – Велигден решивме да реализираме уште една награден натпревар и од срце да наградиме двајца учесници. Па, ајде да ги искористиме Велигденските празници за да ја разбудиме креативноста, да создадеме прекрасни ремек дела од нашата традиција за бојадисување јајца, поставување празнични трпези и споделување љубов со најблиските.
Сакаш да уживаш во вкусот на домашните грицки? – Ова е вистинска прилика за тебе! Посни, крцкави и многу вкусни, а да не заборавиме, плус со 5 здрави семиња во својот состав! Па, испрати ги твоите посни натура крекери и добиј залиха за нареден пат! Ние ги пробавме и ги препорачуваме, а Натура е тука за да награди 10 читатели со нова залиха! Не губи време, вклучи се во наградниот натпревар „Направи посни Натура крекери, грицкај и освој една од 10-те награди!“
Помина уште една убава година, споделуваме рецепти, совети за здравјето и кујната, правевме домашни лекови и дегустиравме традиционална храна. Се дружевме на настани, креиравме едукативни предавања, се дружевме со средношколците и со студентите од повеќе факултети и разговаравме за различни теми поврзани со исхраната и здравјето. Шетавме со нашите автори и пријатели, ги откривавме убавините на Македонија, а најповеќе уживавме во вкусот на традиционалната храна. Учествувавме во повеќе ТВ емисии, готвевме во живо и споделувавме препораки на различни теми. Бевме дел од повеќе хуманитарни акции и дониравме онаму каде што беше најпотребно. И на крај, сите вие кои ја поддржувате нашата работа, гласавте на изборот за Најдобар сајт 2017. Со заеднички сили, љубов и желба, сите ние потврдивме дека храната е област која многу ни значи, а квалитетот може да биде препознаен. Драги пријатели, да ве информираме дека ги добивме резултатите од изборот за Сајт на годината 2017. И овој пат, Сѐ за храна е меѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија, во конкуренција од преку 200 пријавени сајтови.
Почитувани пријатели, минатогодишното признание и освоеното 2-ро место на изборот Сајт на Годината, во категоријата Најдобар сајт за Храна и Здравје, значеше голем поттик за да работиме понапорно и да одиме чекор напред за да ви го пружиме најдоброто од нас. Искрено се заблагодаруваме, затоа што верувајте успехот не би бил можен без вас и вашата поддршка!
Модерниот начин на живеење, полека, но со сигурно темпо, веќе ги отфрла класичните традиции во секојдневната исхрана. Сè повеќе луѓе го заштедуваат времето поминато во приготвување на храна во домашни услови, а истото го посветуваат на сè почесто присуство во рестораните. Ограничени од динамиката на модерното време, здравите и хранливи оброци се често занемарени посебно од младата популација, креирајќи нездрави навики кои во социјалните кругови се реплицираат по автоматизам преку домино ефект.
По трет пат во Битола, во организација на Американското Катче Битола и Амбасадата на САД во Македонија, се одржа Саем за волонтеризам 2017 . Саемот беше отворен за сите и посетен од голем број средношколци, студенти и млади професионалци кои се запознаа со актуелните волонтерски можности во Битола, регионот и Европа. На саемот се претставија 10 невладини организации од Битола и регионот, кои на заитересираните им ги презентираа своите волонтерски можности и ги споделија нивните успешни приказни и проекти.