Успешно реализиран првиот вебинар од тимот на sezahrana.mk! Како што имавме најавено зборувавме на тема „Зајакнување на имунитетот во време на пандемија“. Се заблагодаруваме на учесниците кои нѐ следеја и споделија свои прашања и размислувања до нас!
Купи од дома! – Предновогодишниот период изобилува со попусти од различен тип, а кој од нив е најкорисно да се искористи, ако не попустот на производи поврзани со здравјето? – Пониска цена, а подобро здравје! Погледнете кои од производите со намалена цена од нашите пријатели Тримекс ги издвоивме за вас!
По повод освоеното прво место за најдобар сајт за Храна и здравје, ве покануваме на нашето бесплатно предавање – вебинар во среда на 23.12.2020 г во 18:00 часот. Ќе зборуваме како може да се зајакне имунитетот овој период, која храна се препорачува, кои совети треба да се применуваат, а ги препорачуваат нутриционистите и докторите.
Наскоро е нашиот 9-ти роденден и како поубаво би го пречекале ако не со победа во она за што сме специјализирани?! 🙂 Храната и здравјето беа причината поради која започнавме! sezahrana.mk е специјализиран сајт за храна, основан во 2012 година, со објавени над 3800 авторски содржини/рецепти и ја имал довербата на повеќе од 50 пријатели и поддржувачи низ годините. Драги наши читатели, денес, благодарение на вашата поддршка и интерес, славиме победа во категоријата Храна и Здравје и трето место во категоирија Најдобар блог, на веќе традиционалната манифестација за Сајт на годината, во организација на Media Solutions.
Драги наши читатели, како што знаете, секој месец ве запознаваме со некој од членовите на нашата група. Во денешното интервју разговаравме со Јадранка Весковска, активна членка во групата која речиси секојдневно споделува навистина вкусни јадења. Ве покануваме на кулинарско дружење во групата на Сѐ за храна. А, ако сте веќе член, ве охрабруваме да се пријавите и да бидете дел од рубриката интервју. Добредојдени се љубители на храната!
Драги наши читатели, овој пат разговаравме со Ана Наумовска наша редовна читателка на sezahrana.mk! Секој месец ќе може да ги запознаете и да прочитате по нешто за најактивните љубители на храната на интернет. Ги покануваме да се пријават и ја раскажат својата кулинарска приказна сите активни членки од групата на Сѐ за храна, како и активните и заинтересирани интернет „раскажувачи“ од останатите групи, админите, блогерите и влогерите и интересентите за новини од областа на храната!
Брашно за пица е најновиот производ со кој Жито Лукс го збогатува своето портфолио. Ова е првото вакво брашно на пазарот од домашен производител и претставува континуитет на компанијата во збогатување на пазарот со иновативни производи и проширување на понудата според барањата на потрошувачите.
Продолжуваме со рубриката интервју на sezahrana.mk. Овој пат на прашањата одговараше нашиот член Бодан Ѓорговски, технолог за квалитет и безбедност на храна. Бодан во ова интервју ни објасни која е улогата на еден технолог во производството на храна. Ако и вие сакате интервју, пишете ни на info@sezahrana.mk. Станете член на групата на Сѐ за храна и споделете ги вашите уникатни рецепти и искуства.
Нашите пријатели Тримекс имаат супер попусти на омилените суплементи и акции кои не смее да ги пропуштите! Брусница, Д-Маноза, Инулин, Супер Омега… Време е за обновување на домашната мини аптека со најдобрите додатоци во исхраната.
Во новата година нема илузии, соништата стануваат реалност! Со новата наградна игра на Браво Кафе Премиум можете да добиете еден од четирите Citroen C3 автомобили, телевизор, машина за перење, велосипед, фрижидер, парични награди од по 15.000 денари и уште многу други вредни награди!
Заедно се дружевме цела година! Драги читатели, време е да прославиме за нов почеток и уште една убава година. Ние ви посакуваме многу здравје, радост, среќа и успеси во годината која е пред нас.
Во рамките на проектот „Подобра исхрана, подобар живот“, Сѐ за храна одржа едукативна и интерактивна работилница во училиштето Коле Канински во Битола. Во текот на работилницата, учениците имаа можност да научат повеќе за протеините, јагленохидратите, мастите, витамините и минералите, да се запознаат со нивните дневни потреби и да научат како треба да изгледа еден комплетен оброк.
Чест и задоволство е да се биде меѓу најдобрите сајтови во Македонија седма година по ред! Пријатели, време е да славиме! Да славиме сите заедно и да се радуваме на уште еден заеднички успех. Сѐ за храна помеѓу победниците на Сајт на годината 2019!
Драги наши читатели, со првото интервју на Феријан ја започнуваме новата рубрика на sezahrana.mk! Секој месец ќе може да ги запознаете и да прочитате по нешто за најактивните љубители на храната на интернет. Ги покануваме да се пријават и ја раскажат својата кулинарска приказна сите активни членки од групата на Сѐ за храна, како и активните и заинтересирани интернет „раскажувачи“ од останатите групи, админите, блогерите и влогерите и интересентите за новини од областа на храната!
Почитувани пријатели, започна изборот Сајт на Годината 2019! Вие кои нѐ следите подолго време знаете дека веќе неколку години sezahrana.mk е дел од овој избор. Во изминатите години имавме голема поддршка од вас за што искрено се заблагодаруваме, а секоја награда ја посветуваме нашите читашели!