По големата најава за третото издание на HFW Expo, може да кажеме дека овој викенд, во Градскиот парк, на терените Работнички, поминавме два убави сончеви дена во духот на здравите навики, фитнесот и велнесот! Oдлично помина и третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo!
Во просториите на Техничкиот Факултет во Битола, на 2 Октомври (понеделник) од 12:00 часот до 15:00 часот, во организација на Американското Катче Битола и Амбасадата на САД во Македонија, ќе се одржи Саем за Волонтеризам 2017. На овој саем учество ќе земат повеќе невладини организации од Битола и регионот.
Ситно броиме до третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo, кој ќе се одржува овој викенд, 23-24ти септември, во Градскиот парк во Скопје, на терените Работнички. Бидејќи интересот за настанот е огромен, сакаме нашите драги читатели да ги наградиме со гратис влезници за двата дена за овој прекрасен настан!
Веќе ги најавивме новите датуми 23-24 септември и новата локација – Градски парк, терени Работнички, па време е да дознаете што сѐ ќе се случува на третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo!
Септември е месецот со кој започнува сезоната на нови почетоци, прифаќање на нови здрави навики, започнување со спортска активност, правилна исхрана, нови методи за релаксација, грижа за здравјето и изгледот, кои потоа се трудиме да ги одржиме во текот на целата година.
International Media Festival for Prevention – XXI World Congress on Safety & Health At work 2017, понуди интересен предизвик за сите професионалци, инженери, факултети, студенти, организации од целиот свет кои работат (студираат) и делуваат во областа на безбедноста и здравјето при работа.
Во организација на Здружението за едукација и кулинарство Сѐ за храна, а со поддршка од БИТ ФЕСТ 2017, во средата на 05.07.2017 година беше претставена изложбата на фотографии „Здрави креации во твојата чинија“. Изложбата следуваше после објавениот конкурс од страна на Здружението, од кој најдобрите фотографии беа изложени пред КЦ Магаза во Битола. Изложбата имаше за цел да ја подигне свеста на населението за значењето на здравата храна.
Во рамките на Битфест 2017, на 27.06.2017 година, со почеток од 19:00 часот, на плоштадот Магнолија во Битола, Сѐ за храна одржа креативна работилница „ Со боите на храната креираме уметност“. На истата беа презентирани креативни мозаици и цртежи од храна, декорации со храна и предмети кои се употребуваат во домаќинството, рециклирани шишиња и тегли кои беа претворени во украсни детали за домот или за изработка на накит и слично.
Сè за храна распишува конкурс за изложба на фотографии на тема „Здрави креации во твојата чинија“. Целта на изложбата е да ја подигне свеста на населението за значењето на здравата храна, а најдобрите три фотографии ќе бидат наградени.
Во рамките на Битфест 2017, Сѐ за храна ве поканува на креативната работилница „ Со боите на храната креираме уметност“. Истата ќе се одржи на 27.06.2017 година, со почеток од 19:00 часот, во Магазата во Битола.
Скоро 50 % од смртноста во светот се должи на кардиоваскуларните заболувања (КВЗ). Сличен е случајот во Македонија, каде во последните години смрноста поради КВЗ изнесува скоро 60%. Со цел да го намалиме ризикот од кардиоваскуларни заболувања со помош на храната, вчера, на 27.03.2017,во малата сала на Центарот за култура во Битола, Здружението за едукација и кулинарство Сѐ за храна одржа едукативно предавање на тема „Здрави навики, за здрав срцев ритам“. Важна информација и факт кој сите треба да го запаметиме е дека со здрав режим на исхрана, надополнет со уште неколку здрави навики, ризикот од КВЗ се намалува до 90%.
Да го подобриме здравјето и да им ставиме крај на срцевите заболувања, високиот крвен притисок, артериосклерозата, покачениот холестерол, триглицеридите… Тоа се дел од целите на настанот „Здрави навики за здрав срцев ритам“ кој беше најавен во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител.
Да го подобриме здравјето и да им ставиме крај на срцевите заболувања, високиот крвен притисок, артериосклерозата, покачениот холестерол, триглицеридите… Сѐ за храна со големо задоволство го најавува настанот „Здрави навики за здрав срцев ритам“, кој ќе се одржи на 27-ми Март, понеделник во малата сала на Центарот за Култура во Битола. Почетокот на настанот е од 18.00 часот, а влезот е бесплатен.
На 23 Февруари во просториите на Американското катче во Битола, основачите на sezahrana.mk одржаа предавање за подобрување на животот на тема „Здрава храна за здраво срце“.
Драги пријатели, во соработка со Американското катче од Битола, ве покануваме да присуствувате на предавање на кое ќе може да слушнете повеќе совети, идеи и рецепти кои ќе ви помогнат за подобрување на здравјето, а воедно и животот. Темите на кои ќе дискутираме се: