Еднодневна посета на Галичка свадба, Галичник и Јанче

Заедно да ја истражиме македонската традиција и култура! Галичката свадба e манифестација која се одржува секоја година околу празникот Петровден (12 јули) во мијачкиот центар Галичник на планината Бистра. Богата е со многу единствени свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата, пиштат зурлите и ечат тапаните на тешкото, со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод.

Велики петок – денот на распнувањето на Исус 1

Велики петок – денот на распнувањето на Исус

Велики петок е значаен ден за припадниците на христијанската вероисповед, ден кога  синот Божји недолжен бил распнат на тешкиот дрвен крст и покрај се проговорил за прошка на грешните: “Оче, прости им зашто не знаат што прават”!

велики четврток

Велики Четврток – ден за украсување на велигденските јајца

Се пребројуваат и последните денови до големиот празник Велигден. Наближува Велики Четврток, а со тоа се прават и последните подготовки за достојно и христијански, со радост во кругот на семејството и пријателите да го дочекаме Христовото Воскресение.

млекара здравје радово ново млеко 1

Млекара Здравје Радово лансира ново и практично пакување на свежо и трајно млеко

Млекара Здравје Радово започна со дистрибуција на ново и практично пакување на свежо и трајно млеко од 1 литар, во Tetra Pak®, Tetra Brik® Aseptic амбалажа. Ваквото пакување е значително попрактично, што на потрошувачите ќе им овозможи производот да биде лесен за употреба.

се за храна предавање на ТТФ Велес

Основачите на Сѐ за храна одржаа предавање на ТТФ Велес

М-р Марија Кочовска и М-р Катерина Шамбевска, основачите на ЗЕК Се за храна и главни уредници на sezahrana.mk, по покана на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, овој месец пред студентите од насоката Нутрицинизам, одржаа предавање на тема „Мојата успешна приказна“.

Сѐ за храна помеѓу победниците за најдобар сајт на годината

Трета година по ред Сѐ за храна е дел од победничките сајтови во Македонија. Работиме за да бидеме најдобри за читателите не само за победничко место, бидејќи вие што нѐ следите сте најважни. Признание од некого годи, но лојалноста од вас читателите и вашите секојдневните позитивни коментари се најдобра награда од сѐ, иако тоа официјално никаде не стои. Ете затоа, благодариме на сите кои читаат и гласаа за sezahrana.mk! Ние ќе продолжиме да си работиме чесно и натаму!

По четврт пат Сѐ за храна е дел од хуманитарната Винкова конференција

Не е потребна причина за да се помогне некому. Доколку секој би давал несебично барем онолку колку што може, светот би бил многу поубаво место за живеење. Под мотото „Моќта на хуманоста во градот Битола” на 13 декември се одржа Тортијада во организација на Винкова конференција.

горазд николовски

Сѐ за храна и Portal Café ве канат на хуманитарна забава!

Portal Café заедно со онлајн магазинот Сѐ за храна ве покануваат на хуманитарна забава. Да ја покажеме нашата хуманост и да помогнеме со нашите донации. Лекувањето е веќе започнато и мора брзо да се реагира за да може да се спаси ногата на Гого и да му се овозможи нормален живот!

јогурт-+

Нов јогурт Здравје + од Млекара Здравје Радово

Деновиве компанијата Млекара Здравје Радово го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +. Одговорните лица од компанијата истакнаа дека овој производ е наменет за сите оние кои внимаваат на себе и на своето здравје.

Сѐ за храна на првата регионална конференција за храна

Food Talk Macedonia! – Првата регионална конференција за храна ќе се оддржи во петок на 18-ти септември во спектакуларниот амбиент на ресторанот “Кањон Матка“ кој се наоѓа на самиот брег на езерото Матка и кој е една од најголемите туристички атракции во Македонија.

Ламбе Алабакоски - Ти само кажи - нов спот

Летно и модерно, објавен новиот спот на Ламбе Алабаковски за „Ти само кажи“

Кога станува збор за Ламбе Алабаковски, секогаш знаеме дека она што го работи е вредно да се види и да се слушне. Од вчера веќе имаме можност да уживаме во неговиот нов видео спот за песната „Ти само кажи“. Летен и модерен звук, полн со емоција кој симболизира давање на несебична љубов.