Галерија од одржаната изложба на фотографии „Здрави креации во твојата чинија“

Во организација на Здружението за едукација и кулинарство Сѐ за храна, а со поддршка од БИТ ФЕСТ 2017, во средата на 05.07.2017 година беше претставена изложбата на фотографии „Здрави креации во твојата чинија“. Изложбата следуваше после објавениот конкурс од страна на Здружението, од кој најдобрите фотографии беа изложени пред КЦ Магаза во Битола. Изложбата имаше за цел да ја подигне свеста на населението за значењето на здравата храна.

изложба на фотографии

На објавениот конкурс зедоа учество над 20 вљубеници во фотографијата и здравата храна. На сите им се заблагодаруваме за учеството и ги поттикнуваме да продолжат да сервираат здрава храна и истата да ја фотографираат, затоа што боите на храната нудат многу можности. На изложбата беа претставени најдобрите 15 фотографии. Со оглед на тоа што оваа изложба посветена на здравата храна, се одржува по прв пат, задоволни сме од бројот и квалитетот на пристигнатите фотографии и се надеваме дека следниот пат ќе се приклучат поголем број на љубители на храната, изјави М-р Марија Кочовска.

На изложбата учество зедоа следните автори: Тања Димитриевска, Александар Георгиев, Бојана Исијанин, Викторија Николовска, Даниела Јосифова, а беа претставени и неколку фотографии од Сѐ за храна. Согласно конкурсот, предвидени се три награди за најдобрите фотографии. Имаме неколку фаворити, а одлучивме да го слушнеме размислувањето на посетителите и нашите читатели, па заедно со нив да ги наградиме најдобрите, изјави М-р Катерина Шамбевска.

Повеќе фотографии од галеријата може да погледнете од објавениот албум на фан страницата на Сѐ за храна.

Може да ве интересира: Галерија од одржаната креативна работилница „Со боите на храната креираме уметност“.

Сподели: