Посните рецепти се секогаш предизвик. Скоро и да нема домаќинка или домаќин, кои повремено имаат потреба да направат или едноставно сакаат да направат за своја душа некој ваков рецепт, како што е овој за посен колач со афион и ментол. Одличен е!
Ниските температури и ветерот влијаат негативно на изгледот на кожата. Заедно со сувиот воздух во затворените простории, тие предизвикуваат кожата да биде сува, без сјај, затегната, па дури и да се лупи и иритира. Ние имаме природно решение! Оваа зимска маска за нега на лицето ќе и обезбеди витамини, минерали и антиоксиданси на кожата, кои ќе и помогнат да се бори против штетните фактори кои се непријатели во текот на ладните денови.
Во текот на бременоста се менуваат потребите на женскиот организам за храна. Правилниот начин на исхрана за време на бременост е многу значајно за здравјето на секоја жена и бебето. И денес често слушаме дека бремените жени треба да јадат за двајца. Но, секако дека тоа е погрешно, бидејќи претераното зголемување на телесната тежина може да предизвика здравствени проблеми.
Имаме добри вести! Ако сте љубител на сирење, може да уживате во неговиот вкус, без да се грижите. Сирењето е добар извор на протеини, калциум и фосфор. Има и други придобивки по здравјето, но треба да знаете неколку нешта за да го изберете најдоброто што е правилно за вас и да го консумирате умерено.
Направете природен и лековит напиток за здраво срце на едноставен, брз и евтин начин. Творец на овој рецепт е калуѓерката Хилдегард фон Бинген, која живеела пред 800 години. Подоцна нејзиниот рецепт кој бил решение за срцеви проблеми го презеле познати доктори кои објавиле пишани записи за неговото дејство.
Ова се нашите омилени чоколадни колачиња кои изгледаат фантастично, а повкусни не може да бидат! Верувале или не, овие чоколадни колачи со бисквити се прават без печење и тоа за 10-тина минути. А вкусот не се опишува со зборови. Би рекле дека е чоколадна фантазија со лешници која секој може да ја направи и да ја проба. Баш погодени!