Наједноставна крем чорба од тиква 1

Наједноставна крем чорба од тиква

Многу едноставно, вкусно и здраво за есенско зимскиот период! Весна ни дава топла препорака да ја пробаме превкусната и многу едноставна за подготовка крем чорба од тиква!

Состојките се дозираат соодветно на потребата. Така, зависно од количината која сакате да ја направите, може да употребите толкава количина на состојките. Тиквата е основна и се додава во најголема количина, додека морковот се додава во помала количина. Од зачините добро е да доминира лукчето, па него и останатите зачини додадете ги по вкус и добар апетит!

Наједноставна крем чорба од тиква 2

Состојки:

  • тиква
  • моркови
  • неколку чешниња лук
  • сушен зачин
  • црн пипер по вкус
  • сол по вкус
  • малку маслиново масло
  • 1 павлака или кисело млеко.

Подготовка:

  1. Во ладна и посолена вода, со малку маслиново масло, ставете да се варат излупените тиква, моркови и лук. Тие треба да бидат исечени на парчиња.
  2. Оставете ги да се варат, но не и да се преварат.
  3. Додадете од сушениот зачин и црниот пипер.
  4. Изблендирајте ја чорбата за да стане убаво кремаста, а потоа додадете киселото мелко или павлака и повторно миксирајте. Готовата чорба сервирајте ја со коцки препечен леб, а можете и со свеж. На здравје!

Рецептот го испратил: Весна Рор, Со љубов за вас.

Ви препорачуваме да прочитате: Посна крем супа од тиква и зеленчук.

Сподели: