Невена ни предлага здрав, посен и многу вкусен оброк кој се јаде топол. Приготвена од добро избрани состојки, нејзината посна крем супа од тиква и зеленчук добро ќе ни дојде на сите во ладниве денови.

Состојки:
- 500 гр тиква без кора и семки
- 1 средно голем компир
- 1 поголем морков
- 1 мала главица кромид
- 1 лажиче мешан сув зачин
- сол, црн пипер и рендано морско оревче во количина по вкус
- 1 – 1,2 л вода
- 5 лажици масло.
Подготовка:
- Најпрво исечкајте ја тиквата на помали коцки.
- Компирот, морковот и кромидот прво излупете ги, а потоа и нив исечкајте ги на помали коцки.
- Ставете ги сите состојки во тенџере и додајте ја водата, маслото и зачините по вкус.
- Оставете ги да варат околу 20 минути или додека зеленчукот омекне. Тенџерето тргнете го на страна и со блендер, кој може да е и рачен изблендирајте го зеленчукот да се добие изедначена кремаста смеса. Со оваа количина на вода мене густината е убаво изразена, а доколку сакате потечна супа може да додадете уште малку вода.
- Потоа, изблендираната смеса за посната крем супа треба да се вари кратко, при што малку ќе се згусти.
- Оставете ја да се вари на оган уште 10-тина минути.
- Чорбата послужете ја топла со лепче. Ако сакате луто може да си додадете и буковска пипер.
На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.