Поедноставна и лесна погача, сигурни сме дека нема! Сега веќе не ви е потребен голем талент и искуство во кујната за да направите вкусна погача.
Украс на убавите раце се негувани и здрави нокти, кои се одраз на здраво тело. Се смета дека жените се грижеле за изгледот на своите нокти уште 5.000 години пред нашата ера, кога Индијките ги декорирале ноктите со к’на, a Кинезите ги украсувале своите нокти со жолчка од јајце, растителни бои и пчелин восок.
Косата од секогаш се сметала за украс и израз на женственост кај понежниот пол, како и машкост кај посилниот пол. Засиленото опаѓање на косата е проблем кој може да се јави во било која доба од животот, а претставува голем проблем со кој се соочуваат многу луѓе ширум светот. За да ја зајакнете косата и да го спречите опаѓањето ви предлагаме 3 домашни маски кои може да ги направите во вашиот дом.
Ќе бидете изненадени кога ќе дознаете како оризот може да ви помогне да решите некои секојдневни, но и невообичаени проблеми. Искористете го оризот за да го спасите телефонот, да ги исчистите шишињата, да ја негувате кожата на лицето… Ориз за вечера, ориз за ручек! Па, добро, но овие чудни зрнца имаат многу други моќи, освен што нас нѐ држат сити.
Хигиената и чистиот дом се половина здравје! Во текот на годината, на теписите може да се насоберат голем број нечистотии и бактерии, па доколку сакате темелно да ги исчистите, отстранувајќи ја целосно нечистотијата, дамките и непријатните мириси, ви предлагаме да направите домашни природни средства за чистење теписи кои со сигурност може да ви помогнат во вашата цел.