тикварник

Здрава торта од тиква – тикварник

Есената и зимата се период во кој може да уживаме во вкусните специјалитети од тиква! Еден традиционален рецепт кој се припрема во Македонија е тортата од тиква, уште позната како тикварник.

Постојат голем број на рецепти за подготовка на тикварник, а ние ви претставуваме едноставен, лесен и здрав рецепт за тикварник без шеќер, припремен со интегрално брашно кој го креиравме во нашата кујна. Аромата на тиквата, медот и ванилата совршено се надополнуваат, што го прават овој здрав десерт одличен избор за сечија пригода.

тикварник

Состојки:

  • 4 до 5 чаши варена тиква
  • 2 јајца
  • 2 лажици мед
  • неколку капки екстракт од ванила (во замена може да користите 2 ќесички ванилин шеќер)
  • 2 лажици интегрално брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 200 мл вода по потреба.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ја варената тиква и додајте ги јајцата. Добро измешајте ја смесата.
  2. Во садот додајте го медот и ванилиниот шеќер, и измешајте.
  3. Брашното и прашокот за печиво ставете ги во мал сад и измешајте ги. Потоа додајте ги во садот со тиквата.
  4. Убаво измешајте ја смесата со жица за матење и постепено додавајте вода по потреба, бидејќи смесата може да биде многу густа. Приготвената смеса ставете ја во тава број 28, претходно обложена со хартија за печење. Печете ја во загреана рерна на 200 степени за време од 20 минути, додека се потпечи на површината. Тортата од тиква оставете ја да се излади и послужете ја. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Нискокалоричен колач од тиква без шеќер и без глутен.

Сподели: