солени рафаело бомбици

Солени рафаело бомбици

Овие мали солени рафаело бомбици се идеални за мезе и различни свечени прилики како роденден, куќна слава, веридба или именден. Рецептот е од Клара, а толку се вкусни, што веднаш исчезнуваат од чиниите.

На љубителите на млечни вкусови сигурни сме дека ќе им се допадне овој солен рецепт со рендано сирење, павлака, рендан кашкавал и пармезан. Комбинацијата на состојките наведени во рецептот ветува одличен вкус и супер мезе за убави дружења со семејството и пријателите.

солени рафаело бомбици

Состојки:

  • 300 гр рендано (или ситно дробено) сирење
  • 100 мл кисела павлака
  • 100 гр толчени (ситно сецкани или крупно мелени) кикиритки
  • 150 гр ситно сецкана шунка или салама по избор
  • 100 гр рендан кашкавал
  • ситен пармезан за посипување.

Подготовка:

  1. Сирењето ставете го чинија и издробете го. Доколку е поцврсто, може да го изрендате.
  2. Кикирите источете ги, по желба може ситно да ги исечкате или крупно да ги сомелите на мелница за јаткасти плодови.
  3. Шунковата салама ситно исечкајте ја.
  4. Кашкавалот изрендајте го.
  5. Сите состојките ставете ги во длабок сад и добро измешајте ги.
  6. Оставете ја смесата во фрижидер околу половина час, а потоа обликувајте ситни бомбици кои ќе ги извалкате во ситен пармезан или пак ќе ги поставите во хартиени корпиња и потоа одозгора ќе ги поросите со него. Готовите солени рафаело топчиња чувајте ги во фрижидер до служењето. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Солени бомбици со компири.

Сподели: