Ефикасно средство за чистење на купатило

Сигурно и на вас чистењето на купатилото ви е најдосадната работа низ дома. Без разлика колку го чистите, по кратко време, тврдокорните дамки од сапун и трагите од вода повторно се појавуваат. Но, постои едноставно решение. Сега може да направете домашно ефикасно средство за чистење на купатило со кое ќе заштедите пари, време, но ќе имате и совршено чисто купатило.

Посно македонско тавче гравче

Македонската кујна има повеќе традиционални рецепти, кои вреди да се зачуваат, да се споделат и да се пренесат на идните генерации! Еден од најпознатите специјалити е македонското тавче гравче кое најчесто се приготвува посно и се служи во петок или е чест дел од трпезата за време на пости. Но, се среќаваат и варијации на тавче гравче со колбаси, ќофтиња, чадено месо… Во оваа прилика Марија од нашоиот тим го споделува традиционалниот семеен рецепт за подготовка на посно тавче гравче. 

Лесно отворање на вакумирана тегла за 5 секунди

Лесно отворање на вакумирана тегла за 5 секунди

Дали сте помислиле дека скоро невозможното отворање на вакумирана тегла може да го постигнете многу брзо и лесно? Има еден трик кој откако ќе го пробате постојано ќе го практикувате и отворањето на теглите со слатко, мармалад, зимници и секоја вакумирана храна ќе ви биде забавна и интересна активност во кујна.

Крем супа од целер

Крем супа од целер

Рецептот за вкуснава крем супа од целер е старински и со векови го збогатувал менито на голем број семејства на Балканот. Денес, благодарение на нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone имаме одлична можност да погледнеме како изгледа резултатот од традиционалниот рецепт за кој во старите куварски книги порано немало фотографии. Уживајте во секоја голтка!

Каранфилче за одлична циркулација и здрави непца

Ароматичното каранфилче спаѓа во групата на слатки зачини, па затоа повеќе се додава во слатки јадења, десерти и колачи. Но, не треба да се заборави дека со каранфилче и свинското печење, печениот дивеч, некои колбаси, салами, како и супи имаат посебен вкус.

Рецепт за тирамису

Рецепт за тирамису

Вкусните ароматични сензации на кафе, какао, маскарпоне, го прават овој десерт, извонредно впечатив и неодолив за сетилата. Да пробаме и ние од превкусното и кремасто тирамису, повелете рецепт!

Како да направите лепеза од јаболко

Кој би рекол дека нешто вака прекрасно како оваа лепеза од јаболко може да се направи толку едноставно и лесно? Може да се каже дека сите би помислиле „Треба да сум многу вешт за да успеам“, но верувајте дека и не е толку сложено колку што личи, напротив е вистинско задоволство и интересна активност за секого.

пилешки крокети

Вкусни пилешки крокети

Имаме одличен рецепт за највкусните пилешки крокети. Нашата пријателка Диана, од блогот Trydiani ни предлага супер рецепт за пилешки крокети приготвени со млечен бешамел сос. Мали, вкусни, крцкави однадвор, а меки и сочни однатре.

Дебелина – модерна болест која ги нарушува органските системи

Добрата фигура може да биде императив за убав изглед, но уште поважно превенција од голем број болести. За непријатната состојба дебелина, која е болест на модерното време и може значително да ги наруши органските системи уште од античко време мудро е речено „Не живеј за да јадеш, јади за да живееш”.

Домашен зелник со тиква

Дали има нешто повкусно од домашно припремен зелник? Овој пат го направивме со фил од тиква кој идеално заблажува, нахранува и му дава посебно убава арома. Рецептот доаѓа директно од нашата кујна, па можеме да ви потврдиме дека многу ќе уживате во домашно припремениот зелник со тиква.

Ловор за добро здравје на стомакот и кожа без акни

Ловорот претставува симбол на мудрост, мир и слава. Уште во античко време луѓето знаеле за неговите лековити својства, па како резултат на голема лековитост ароматичнот ловор го посветиле на Богот на лековите Ескулап.

Витамински напиток за слабеење

Ако веќе сте се одлучиле да пиете вода во поголеми количини, барем нека биде вкусна и збогатена со витамини. Повеќето од нас слушнале за т.н. Саси вода, која претставува витамински напиток за слабеење и поради својата ефикасност се раширила насекаде во светот. Се прави од само неколку состојки, лесно и брзо, а сега ви го откриваме и точниот рецепт за обожаваниот витамински напиток за слабеење!

пилинг за лице

Природен пилинг за лице од шеќер и мед

Убавата и сјајна кожа е сон на секоја девојка и жена. Редовната нега за миење на лицето, нанесување на крем, помага да се задржи свежината и сјајот на кожата. Но, покрај тоа еднаш неделно се препорачува да правите пилинг за лице, кој има улога за отстранување на мртвите клетки на кожата.

Брзи здрави мафини без шеќер и без глутен

Ако сте некој кој не може да си го замисли денот без нешто слатко, тогаш сигурно често имате проблем со спротивставувањето на желбата за уште една коцка чоколадо, парче торта и сите останати слатки задоволства. Иако вкусни, често слатките нешта не носат никакви нутритивни придобивки за нашиот имунитет и здравје.

5 начини како да спречите потемнување на јаболката

Како и нам, сигурно и вам, безброј пати ви се случило да насечете повеќе кришки јаболка од она што е потребно, па додека ги изедете тие веќе ја промениле бојата. Сега ќе може да заборавите на тој проблем. Прочитајте зошто исеченото јаболко ја менува бојата и како можете да спречите или да го успорите непосакуваното потемнување на јаболката.