Домашниот посен мајонез има помалку калории, се прави за брзо, вкусен е и ќе ви се најде за време на пости. Рецептот и начинот на подготовка се едноставни.

Секојдневната нега на лицето помага за сјајна и убава кожа. Меѓу многуте начини за нега на кожата, покрај редовното миење и нанесување на крем, задолжителен е и пилинг кој помага да се отстранат мртвите клетки. Тој е неопходен за нежна и блескава кожа, затоа што со отстранувањето на мртвите клетки им помага на новите клетки побрзо да стигнат до површината.
Следете ги нашите совети за умерена исхрана и за време на празниците и уживајте во прославувањето. Празничните денови се навистина големо искушение за сите кои не сакаат да имаат покачена телесна тежина. Затоа, ако се одлучите да се придржувате до одреден режим на умерена исхрана, ќе се заштитите од различните вкусни искушенија и ќе успеете да го контролирате внесот на непотребни калории.
Хомер во познатата Илијада, споменува дека легендарниот воин Ахил користел ајдучка трева (Achillea millefolium) за лекување на раните на неговата војска. Индијанците ја користеле за лекување на крварења, рани и инфекции, а според Ајуверда и Кинеската медицина, ајдучката трева позитивно влијае врз работата на слезината, црниот дроб, бубрезите и уринарниот тракт.
Шопската салата е едно од македонските традиционални салати, а освен кај нас, карактеристична е и за Бугарија и Србија. За потекло на оваа салата се зема регионот околу Шоплук препознатлив по доброто сирење кое што жителите го користеле во најразлични јадења. Името шопска салата го добила според словенското племе Шопи кое живеело на тој регион.