Топ 3 здрави намирници идеални за зимскиот период

Многумина мислат дека во летото многу лесно ни е достапна свежа храна која е богата со витамини, минерали и вода, во споредба со зимскиот период. Но, дали знаете кои се топ 3 здрави намирници кои се лесно достапни овој период, а ќе го зајакнат вашиот имунитет и ќе ве заштитат од вируси и настинки?

Факт е дека во зимскиот период има помалку сезонски намирници во споредба со пролет и лето, но сепак постојат неколку кои се супер храни богати со витамини и минерали и одлично делуваат на организмот.

Зелен лиснат зеленчук

Во текот на целата зима може да пронајдете кељ, блитва и спанаќ кои се многуу здрави намирници, па ви препорачуваме да ги јадете во поголеми количини во овој период. Кељот е богат со витамините К, Ц, А, а содржи фолати кои се од голема важност за трудниците и правилен развој на плодот. Спанаќот содржи холин и инозитол, супстанции кои помагаат во спречување на артериосклероза или појава на задебелување и стврднување на ѕидовите на артериите. Помага во стабилизирањето на нивото на шеќер во крвта, што е посебно важно за дијабетичарите.

Топ 3 здрави намирници идеални за зимскиот период

Цитрусно овошје

Мандарините, лимоните, портокалите и грејпфрутот се овошја кои можеме без проблем да ги најдеме на пазарите и маркетите во текот на зимските месеци. Многу се богати со витамин Ц, а само еден портокал со средна големина обезбедува речиси 100% од дневните препорачани количини за овој витамин. Овие овошки се богати со флавоноиди, кои го зголемуваат добриот, а го намалуваат лошиот холестерол и триглицеридите.

Тиква

Во есен и зима може да пронајдеме различни сорти на тиква кои се богати со хранливи состојки и се одличен избор за десерт. Во една чаша варена тиква има малку калории, а многу витамин А, Б6, К, калиум и фолати. Тиквата не содржи холестерол и заситени масни киселини. Тоа ја прави одлична храна која често пати ја препорачуваат нутриционистите кај лица кои што имаат покачен холестерол или пак за сите кои што сакаат да ја намалат својата телесна тежина.

Сподели: