Францускиот сос бешамел се користи во подготовката на многу вкусни јадења. Затоа, пред да почнете да приготвувате вистински специјалитети, потребно е да го владеете мајсторството на сосот бешамел.
Може да го сретнете под името бел сос, млечен сос, но како и да е има фантастичен вкус! За да направите идеален бешамел сос без гутчиња или со соодветна густина го пронајдовме следното видео на кое може да ја погледнете постапката и тајната за негова подготовка. По желба во сосот кон крајот може да додадете босилек, сирење или кари, со што ќе добиете сос со интересна арома и богат вкус.
Состојки:
- 60 грама путер
- 60 грама брашно
- 600 мл млеко
- сол и мелен црн пипер по вкус
- 1 лаворов лист по желба.
Подготовка:
- Во тенџере на оган на средно ниска температура ставете го путерот да се растопи.
- Во растопениот путер ставете го брашното и мешајте. Постепено додавајте го млекото и мешајте континуирано додека добиете кремаст сос.
- Готовиот сос тргнете го од огнот, посолете го и зачинете го со мелен црн пипер. По желба додајте лаворов лист. Бешамел сосот послужете го со тестенини, пилешко месо или топено сирење во фурна.
Ви предлагаме да прочитате: Како да направите дома вкусен тартар сос?