Салата со јајца и кисели краставички

Доколку ви сте љубител на кремасти салати ви предлагаме да ја пробате оваа салата со јајца и кисели краставички. Може да ја послужите како прилог со ручекот или да ја ставите во сендвич направен од интегрално лепче во комбинација со марула и кашкавал. Брзо се припрема, а е многу вкусна!

тесто за пица

Тесто за пица по испробан домашен рецепт

Сакате да направите домашна пица? Пробајте го нашиот предлог и добијте идеално тесто за пица кое многу пати сме го испробале и исто толку пати сме потврдиле колку е вкусно и убаво за јадење. На сите наши пријатели им се допадна, веруваме и вам ќе ви се допадне!

млад лук

Пролетниот млад лук е храна која се вклопува секаде

Пролетта е сезоната кога може да уживаме во пролетниот млад лук, кој има свежи зелени ливчиња и бело кревко тело, а најдобро е што може целосно да се јаде. Времето на младиот лук е кратко, па затоа уживајте што повеќе во неговиот вкус и придобивки пред да почне да формира чешниња и главици.

Посни Рафаело бомбици

„На љубителите на кокос, рафаело бомбиците им се сигурно омилениот десерт. Затоа ви предлагам да го пробате овој едноставен рецепт за подготвување на посни рафаело бомбици на кои никој нема да остане рамнодушен. Потребни ви се 15 минути да ги припремите, а се подеднакво вкусни како и рафаело бомбиците кои се приготвуваат со млеко, и што е важно, не содржат маргарин!“ – вели Марија од нашиот тим.

напитоци со антиоксиданси - црвено вино

6 напитоци со антиоксиданси кои ја чуваат младоста

Консумирањето на напитоци со антиоксиданси, му помага на вашиот организам да ја зачува својата виталност и младолик изглед. Антиоксидансите го чуваат вашето тело од слободните радикали, а со тоа се постигнува што помало изразување на надворешните знаци на стареење. Доколку сакате што подолго да се чувствувате витални и постојано како да сте во „најдобрите години“, што почесто уживајте во правилен избор на освежување.

баклава-со-мак

Баклава со мак и ореви

Постојат разни рецепти, но баклава со мак и ореви е одличен избор за сочен десерт со уникатен вкус! Изборот на состојките овозможува бескрајно уживање во ароматичните сензации на орев и ситните зрнца афион, кој фантастично го надополнува вкусот на оваа баклава со мак!

сол-препораки

4 знаци кои предупредуваат дека консумирате премногу сол

Солта е од суштинско значење за нашето здравје, бидејќи таа е неопходна во процесот на одржување на нормалните телесни функции. Одговорна е за балансирање на количеството на течности во организмот, одржувањето на нормални мускулни контракции и извршување на нервните функции.

Коприва – традиционален лек и здрава храна

Копривата е едно од најлековитите растенија, а како природен лек се користи уште од античките времиња, благодарение на нејзините антимикробни, антиоксидантни, диуретични, лаксативни и атстрингентни својства.

грашок со месо

Прилог од грашок со месо

Ако сте љубител на грашок со месо, пробајте го овој брз и лесен рецепт. Потребни ќе ви бидат 20-тина минути за да го приготвите, а може да го послужите како прилог со печено месо или како самостоен ручек со салата по ваш избор.

масло од рузмарин

Масло од рузмарин за зајакнување на косата

Доколку вашата коса ви паѓа или бавно ви расте, наместо да купувате скапи шампони и регенератори, направете третман со масло од рузмарин. Рузмаринот ќе го поттикне растот на вашата коса и ќе го подобри нејзиниот квалитет.

палачинки

Меки „пијани“ палачинки

Интересен и несекојдневен рецепт за меки „пијани“ палачинки. Нашата пријателка Диана, од блогот Trydiani го припреми овој рецепт, кој сигурно ќе ви се допадне и вас. Пијаните палачинки одлично се комбинираат со солен или сладок фил. Доколку сте љубител на благи палачинки, како фил ставете нутела и овошје. А ако повеќе ви се допаѓаат солени палачинки, истите послужете ги со крем сирење и зачини.