варени компири

Најбрзо пригответе варени компири

Голем број рецепти за салати, пире и други јадења започнуваат со варење на компири. А за да ги сварите компирите брзо, добро ќе биде да ги прочитате следните чекори, со кои ќе заштедите време и ќе ја олесните работата во кујната. Верувале или не, доволни ќе ви бидат само 10 до 20 минути за да имате варени компири спреми за подготовка на омилената салата или пире. 

Кои компири најбрзо се варат?

Сјајните, млади компири се најдобри за варење. Тие ја задржуваат нивната форма додека се варат и имаат кремаста текстура. Изберете млади компири кои се се помали од тупаницата и имаат тенка кора, за да може побрзо се сварат. Исто така може да ги варите и останатите компири, но тие имаат повеќе скроб и при варењето полесно се распарчуваат, па затоа најдобро е да се варат цели, наместо исечкани на коцки.

Цели компири или исечкани? Со кора или лупени?

Компирите може да се варат цели или на коцки. Она што е важно, независно дали се цели или сечени на коцки, да бидат со иста големина. На овој начин, тие подеднакво ќе се сварат. Доколку варите цели компири, во текот на варењето извадете ги малите компири, а поголемите оставете ги да се варат повеќе време.
По желба, компирите може да ги варите со кора или без неа, но се препорачува кората да не се лупи. Тие ќе се сварат подобро, без да се дробат при варењето, а исто така е многу полесно да се отстрани кората кога компирите се варени.

варени компири

Чекори за варење на компири

Состојки:

  • млади, сјајни компири
  • 1 мала лажичка сол.

Подготовка:

  1. Компирите добро измијте ги, а по желба исечкајте ги на големи коцки.
  2. Сечканите компири ставете ги во тенџере и додајте ладна вода, за да ги покрие компирите 3 до 4 см.
  3. Во тенџерето додајте една мала лажичка сол и измешајте за да се раствори солта.
  4. Тенџерето ставете го на оган на средно висока температура. Штом водата ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете ги компирите да се варат, без да ставете капак над тенџерето.
  5. Проверете ги компирите по 5 минути од зовривањето на вода. Компирите исечкани на коцки се варат многу побрзо во споредба со целите компири. По 10 до 20 минути, компирите треба да бидат готови, а тоа ќе го проверите така што тие треба да бидат меки.
  6. Варените компири исцедете ги и направете ја вашата омилена салата или пире.

Сподели: